Автор Тема: Hyundai COUPE GK 2.7 V6  (Прочитано 11734 пати)

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« на: 05 Јуни 2018, 14:32:58 pm »
Поздрав дечки одамна го следам форумов но никако да се регистрирам, сега конечно го направив тоа па време е да се претставам, јас сум Ѓорѓе од Тетово 24 години, по професија графички дизајнер, во слободно време фотограф.

Толку за мене сега нешто за моето возило, моето возило е Хјундаи Купе 2.7 V6 ѕверски звук и супер изглед. Моделот е од 2002-2005 година со фул опрема ( ако не се лажам во Македонија сум приметил само две такви со истиот мотор и опрема ), од естетски модификации немам направено ништо но во план ми е фарбање и спуштање исто така и други поголеми бандажи, но од механички имам сменето се ново затоа што колата се вози секојдневно Теарце, Тетово, Скопје и назад ( 180км дневно ).
Ја земав со 76 000 км и беше во фабричка состојба ( немаше сменето ниту каиши ниту кабли ниту свеќици ништо ) и сега после точно една година има 134.000км
За резервни делови користам исклучиво оргинали ( Ги има во СОЛИД или ДИАС ГРУП ) имам сменето Корпа, Ламела, Каиши, Водна пумпа, свеќици, сензори, кабли, бомбина, Бензинска пумпа, филтри, подвозје, дискови, плочки, кабли за рачна, сијалички, брисачи, пумпа за брисачи итд.

Инаку да пошо колата се користи дејли има и нов ландирензо ф30 систем со дизни само не ми праи ич мерак и претежно на плин ја возам многу малце.








Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #1 на: 05 Јуни 2018, 14:55:48 pm »
Епа добредојде, и дај сними да видиме како звучи :D
New blood of old school

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #2 на: 05 Јуни 2018, 15:27:31 pm »
Ќе ја снимам утре задутре цела вожња сеа за сеа иам само кратки клипови инаку има фабрички издув на двете страни 70мм широк внатрешно 80 надворешно, само што јас си ги сменив лонците со поголеми, затоа што мн ми брмчеше и имав проблеми со полиција :Д

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #3 на: 05 Јуни 2018, 17:19:46 pm »
Тууууу. Брао
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8693
  • Пичлеме
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #4 на: 05 Јуни 2018, 17:25:30 pm »
Нешто интересно, да се разбија монотонија :)
Брао, убава километража и маваш, плус дека повеќе бензин ти прави ќеф алал да ти е :)
Фиксирај ја подобро предната таблица, да не изгледа така свиткана како на приколка закачена :)

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #5 на: 06 Јуни 2018, 12:04:06 pm »
Трај за таблицата кога и да ја исправам на паркинг некој ме мава  :'( 8)

Отсутен Chaki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
  • 6N2 ТDI
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #6 на: 06 Јуни 2018, 22:55:48 pm »
Dzole nostalgija me fakja nekad po kolava, popravi go naslovot FK e ne GK😉

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Hyundai COUPE FX 2.7 V6
« Одговори #7 на: 07 Јуни 2018, 12:03:13 pm »
Фала на исправка брату, инаку тука ти е во Скопје секој ден сврти си кругче :Д

Отсутен nikolaben

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 881
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #8 на: 08 Јуни 2018, 03:57:03 am »
Добредојде на форумов :) прекрасна кола :)

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #9 на: 08 Јуни 2018, 10:57:46 am »
Фала другари денеска ја регистрирав ако некого го интересира колку се трошоци за вакво возило еве ги

Технички преглед и дополнителни трошоци за компанијата 7800 денари
Осигурување за возилото без стакла 12480 денари
Зелен картон - 5.536

Вкупно 25836

Лани ми беше поскапо

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #10 на: 08 Јуни 2018, 12:46:23 pm »
Премногу...дури и без зелен.

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #11 на: 08 Јуни 2018, 12:52:15 pm »
Можеби но се друго е евтино, сервис правам еднаш во 2 месеци некогаш и повеќе пати

5 литри уље 5-30w Mobil фул синтетик + филтри
5200 денари + работна рака за механичарот

Тоа е исто ко да возиш Голф, може и поевтино да пројде ама не му одговара секое масло ова си го сака :)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #12 на: 08 Јуни 2018, 12:55:35 pm »
Со здравје да се вози, интересно количе. Километри ко таксиста поминуваш :D

@Stratro скапа му е регистрацијата оти има под 26 години. Кога ќе порасни ќе плаќа помалку :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #13 на: 08 Јуни 2018, 12:56:47 pm »
Зошто сервис повеќе пати во 2 месеци?
Поминуваш 8 -10.000 (или повеќе) км за тоа време?


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8693
  • Пичлеме
Одг: Hyundai COUPE GK 2.7 V6
« Одговори #14 на: 08 Јуни 2018, 13:07:51 pm »
колата се вози секојдневно Теарце, Тетово, Скопје и назад ( 180км дневно ).