Автор Тема: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line  (Прочитано 8332 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« на: 04 Јуни 2018, 06:14:39 am »
Поздрав друштво, мене ми снема малце интернет.   

По неколку хечбека, конечно си зедов нешто подолга кола, и сeуште се запознаваме. Количето го купив од овластена Audi куќа, произведено за авто школа, со дупли команди и двојни ретровизори. Мануелен менувач. 

Количето дојде со 19-ки бандажи, кои за жал не се за кај нас, па зедов 18-ки. Ке пишам нешто покасно и за моторот, вожњата и забелешките.

- Мотор: 2.0 TDI, 140 kw, 400Nm
- 2016 година
- 14,000 км, сега има 19.000

- Line Assist
- Audi Sense
- Cruise control
- Digital cockpit
- Electric heated seats
- Audi Drive Select
- Sports suspension
- Matrix Headlights
- Cruise Control
- Start Stop
- Keyless

Итд.

Пријатно изненаден од квалитетот на Матрикс светлата, внатрешното осветлување, колку добро е изолирана кабината во поглед на бучава, дизајнот на таблата и перформансот на колата. Маани, 19-ки се преголеми за колава, па тоа се реши со помал бандаж и багажникот има лоша ергономија. 

Ми остана да средам ретровизорите, и здравје, сервис да се прави некаде, ми препорачаа Бугарија или Србија, заради цена, квалитет, професионалност.

Не смеам да ја чепкам колата во нарените неколку дена, ке добие перење, па нова тура сликање.

Аматерски слики во прилог:

















« Последно менување: 04 Јуни 2018, 20:41:27 pm Tommy »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #1 на: 04 Јуни 2018, 06:37:10 am »
Поздрав друштво, мене ми снема малце интернет.   


И така, едно 4 години ;)
Добредојде назад, и се надевам нема да ти прекинува интернетот во  иднина :D
Честито колава. Добра боја има.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #2 на: 04 Јуни 2018, 08:32:37 am »
Одличен избор на кола и мотор и боја и бандажи што си сменил. Се гледа познавач.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #3 на: 04 Јуни 2018, 09:13:26 am »
фелком бек @Tommy
честито не GTI и да го изнавозиш :)

ај сликни ова дупливе команди и ретровизори :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #4 на: 04 Јуни 2018, 09:54:42 am »
Welcome back кумановац!

Со здравје да си га возиш афто (ми звучи кумановски) :)

Се изнагледав слики на инстаграм, фраерски е ова дисплејов.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #5 на: 04 Јуни 2018, 09:58:33 am »
Добро дојде назад Томи.
Со здравје да се вози.

Добра боја.

Присутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #6 на: 04 Јуни 2018, 10:27:26 am »
Честитки!
Топ си е количево...

Присутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #7 на: 04 Јуни 2018, 11:14:14 am »
Со здравје да се вози, и види набаци уште некоја слика :)
New blood of old school

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #8 на: 04 Јуни 2018, 11:29:27 am »
Одличен избор, посебно бојата ми прави ќеиф.А како да има и керамика колава :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #9 на: 04 Јуни 2018, 11:45:14 am »
Ме чуди А4 автошкола, дали дека сум навикнат на прцулчиња кај нас. Мерак боја.
Со здравје да се вози.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #10 на: 04 Јуни 2018, 12:33:32 pm »
Ме чуди А4 автошкола, дали дека сум навикнат на прцулчиња кај нас. Мерак боја.
Со здравје да се вози.

Ме чуди 140 kW авто школа.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #11 на: 04 Јуни 2018, 13:24:05 pm »
Затоа ја продале. Сватиле каква грешка имат направено.
:D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #12 на: 04 Јуни 2018, 13:26:50 pm »
Честитки и од мене.
Се надевам се демонтираат двојните команди или се веќе демонтирани.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #13 на: 04 Јуни 2018, 13:31:09 pm »
Честито количе, со здравје да си го возиш..

@bramovsk
Овде у Дојчланд е нормално 140 kw за авто школа. (овде возат часови на аутобан.. и ги тераат и 200 да возат)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Audi A4 2.0 B9 TDI 140KW - S Line
« Одговори #14 на: 04 Јуни 2018, 20:26:42 pm »
Честитки и од мене.
Се надевам се демонтираат двојните команди или се веќе демонтирани.

Ги извадив папучите од десната страна, среќа беа на истата конекција со оние од лево, само ги отштрафив, без да мора да сечам нешто. Исто и двојните ретровизори ги извадив, но ке мора да ги фарбам капачињата, малите ретровизорчиња беа прицврсетни со 3 штрафа, па мораше да ги китирам и да ми остана да ги шприцнам.

Одличен избор, посебно бојата ми прави ќеиф.А како да има и керамика колава :)

Беше колата на бајачка кај @dame  ;D

фелком бек @Tommy
честито не GTI и да го изнавозиш :)

ај сликни ова дупливе команди и ретровизори :)

Командите отидоа, и немам сликичка од нив.