Автор Тема: Проблем со потрошувачка на масло?  (Прочитано 6380 пати)

Отсутен Ace000

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Проблем со потрошувачка на масло?
« на: 30 Мај 2018, 20:06:58 pm »
Имам Опел Корса 1.2 бензин 2004та година. Направив 500км на отворено, и наредниот ден кога проверив масло, маслото беше на минимум. Т.е колата потроши 1 литри масло. Маслото беше сменато претходно Кастрол, кога колата ја однесов на сервис само дотури масло, и кога ја виде немаше течено од нигде. Ваше мислење за овај проблем дали да пробам да турам погусто масло?

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #1 на: 30 Мај 2018, 20:15:54 pm »
Не погусто, туку какво што е пропишано. Кастролот често е со сомнителен квалитет кај нас. Дали го цедиш моторот на високи вртежи, дали возиш брзо?

Отсутен Ace000

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #2 на: 30 Мај 2018, 20:20:21 pm »
Па претежно и на одење и враќање ја возев околу 130km/h

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #3 на: 30 Мај 2018, 20:35:49 pm »
Овдешна е или увезена? Колку има поминато? Имам колега прв газда на корса 2006та мислам со 1.2 бензин моторче, веќе направи негде 150000км. Цел работен век моторот се мачеше со потрошувачка на масло. Додека не смени уљни карики и наводно му рекоа дека е фабричка маана. Можеби е коинциденција, можеби не.

Отсутен Ace000

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #4 на: 30 Мај 2018, 20:43:50 pm »
Увезена од Словенија има 170.000 поминато.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #5 на: 30 Мај 2018, 20:58:38 pm »
Па претежно и на одење и враќање ја возев околу 130km/h

Тоа ако не се лажам е некаде околу 4500 rpm.

Отсутен Ace000

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #6 на: 30 Мај 2018, 21:14:57 pm »
Да.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #7 на: 31 Мај 2018, 00:30:20 am »
Од каде го купи кастролот?

Сигурен ли си дека има само 170000км?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3241
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #8 на: 31 Мај 2018, 00:40:45 am »
Овдешна е или увезена? Колку има поминато? Имам колега прв газда на корса 2006та мислам со 1.2 бензин моторче, веќе направи негде 150000км. Цел работен век моторот се мачеше со потрошувачка на масло. Додека не смени уљни карики и наводно му рекоа дека е фабричка маана. Можеби е коинциденција, можеби не.

Не е коинциденција. Опеловите атмо бензинци се склони кон трошње масло. Најчесто причината за тоа е лесно потрошливи маслени заптивки на цилиндрите (уљени карики).

Решението е само тоа, џабе ќе се обидуваш со погусто масло или со некои импровизации. Смени ги кариките и шибај.

Чисто превентивно, пред било што да правиш, отвори го на ЛАДЕН МОТОР капачето од резервоарот за антифриз и провери дали имаш масло таму. Ако антифризот е бистар и немаш маслени наслаги во казанчето, мењај ги кариките.

Ако ти е антифризот замастен и имаш масло во казанчето, имаш изгорен дихтунг на глава и маслото ти бега во системот за разладување или ти го согорува низ мотор.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #9 на: 31 Мај 2018, 10:22:45 am »
Директно не поврзано со твојот случај, незнам дали е случајно ама во период од месец дена многу поплаки од мои пријатели кои имаат Опел, знам дузина луѓе на кои не им „преживеаја“ колите на Стража (со фамозниот семафор), изгорени дихтунзи, карики, после тоа рамнење глави, сервиси, па трокирања, компресија.
Инаку моторот на твојата кола баш е еден од најфалените и најпогодените, се надевам што побезболно ќе поминеш, кажи само каде го зема маслото, многу стана „озборуван“ Кастрол кај нас
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Ace000

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #10 на: 31 Мај 2018, 11:29:44 am »
Маслото го сменав кога бев на сервисер тој ми тури кастрол. Ќе ја пробам пак на отрворено, и ако потроши пак масло ке сменам карики и дихтунг.

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #11 на: 31 Мај 2018, 13:23:42 pm »
Истиот проблем го имам и на мојата Corsa C 1.0, ако е стегам над 4000-4500rpm ми го троши маслото, ако е возам нормално тогаш нема проблем.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4905
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #12 на: 31 Мај 2018, 13:39:04 pm »
Пробај прво со друг бренд на масло

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #13 на: 31 Мај 2018, 13:55:34 pm »
Јас користам GM 10 - 40

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Проблем со потрошувачка на масло?
« Одговори #14 на: 31 Мај 2018, 16:19:26 pm »
Би било пожелно малку повеќе информации пред да „гатаме“ за можниот проблем или решение за потрошувачката на масло:
1. По кој пат менуваш масло откако е кај тебе колата?
2. Дали со претходно масло си имал ваков проблем?
3. Дали претходно ти била возена подолг период само локал?
4. Дали присуствуваше лично при промената на масло за да си сигурен дека е Кастрол? Ако да, тогаш кој Кастрол и која градација?
5. Како утврди дека ти потроши 1л масло, дали си сигурен дека претходно беше целосно наполнета на шипка?

Проблемот може да е и тривијален, затоа пред да почнеш со менување маслени карики пожелно е да се отстранат сите поедноставни варијанти.