Нема никаква поента дека Македонија игра некаква улога, туку менталитетот е таков дали било ова, октавија, голф или нешто четврто се коментира како било скапо. Ок колата дефинитивно е скапа (64к) ама реално оваа е пренатрупана со опрема и доста добар мотор. Верувам може да се најде со солидна опрема и мотор за 45-50 што и те како се многу пари ама како што реков, % на луѓе што даваат кеш за ново ауто што вреди преку 30к е многу многу мал (освен Македонија, Србија и слични држави), така да самата цена на возилото не игра одлучувачка улога секогаш.
Фрлање многу кеш за нешто што знаеш со сигурно дека ќе ја изгуби својата вредност од ден 1 = самоубиство. Затоа месечно малце по малце наместо да затвараш многу пари наеднаш со купување скап автомобил во кеш. Тука се разбира не правам муабет за милијардери туку обичници смртници како нас.