Ќе ја искористам темава, за минати маки.
Првата кола што ја купив, југо 55, како што е редот, ја однесов да и сменат ремени, затегач итн.
По промената, запали чакмак, а претходно бараше малку верглање.
Да тргнам, не ја прима гаста, едвај стигнав на работа.
Утредента, рекламирав, гледаа и викаат се е во ред.
Викаат види со карбуратор.
Прошетав уште три сервиси(мајстори) и сите викаат се е добро. Што гледале, не ми е јасно.
На крај, кај четвртиот, ми вика, ребрастиот е три степена раније или касније, не се сеќавам.
Ама и тој ја утнал еден степен.
Колата конечно ја средив кај Илија во Ѓорче, тогаш уште не беше Фиатов сервис.