Автор Тема: Борд компјутер  (Прочитано 1244 пати)

Отсутен Budweiser

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 108
  • Opel Astra H GTC
Борд компјутер
« на: 28 Јануари 2022, 19:38:24 pm »
Здраво дечки
Решив да го сменам фабричкиот дисплеј без борд компјутер на мојава астра
Бев да купам кај кардаш друг дисплеј со борд компјутер
И сега ме интересира дали можеби знаете некој кој може да ми го монтира
И дали ќе треба некои други пластики за околу екранот?

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Борд компјутер
« Одговори #1 на: 28 Јануари 2022, 19:46:21 pm »
Зашто не ја остави кај кардаш? И да треба нешто, они имаат. (Пример)

Пробај и во автоклиник ако де нафатат.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Борд компјутер
« Одговори #2 на: 28 Јануари 2022, 19:48:29 pm »
Треба да ги врзеш борд компјутерот со радиото, за тоа ти е потребен car pass. Има еден тип на Опел Клуб Македонија групата на фб, ги прави овие работи. Пиши што ти треба, ќе ти заврши работа.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Борд компјутер
« Одговори #3 на: 28 Јануари 2022, 19:55:38 pm »
Ако го имаш CarPass кодот од делот и од твоето возило лесно ќе ги упариш со OpCom.

Ако ги немаш со отчитување на EEPROM од дисплејот што си го купил и од твоето радио може да се извлечат кодовите.

CarPass-от од твоето возило ако го немаш можеш да си го купиш од овластен Опел дилер, јас го платив 1500 ден. во АутоЦЕМ бидејќи немав соодветен програматор и не ми се чекаше.

Полесно ќе ти било ако си купил радио+дисплеј извадени од исто возило, тогаш е plug’n’play без потреба за упарување на деловите.

Секој посаглам електричар би требало да знае како се прави ова, за жал незнам кој да ти препорачам.

PS Ако веќе си се нафатил на ваква екскурзија што не си најде од големиот CIM екран во боја да заличи.


Отсутен Budweiser

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 108
  • Opel Astra H GTC
Одг: Борд компјутер
« Одговори #4 на: 28 Јануари 2022, 20:03:32 pm »
pa mene i ovoj ekran kje mi zavrsi rabota
sekako e podobar od obicniot
moeto radio ne e fabrickoto tuku e naknadno stavena multimedija
vekje najdov nekoj sto se zanimava so ova
taka da ponedelnik kje go namestime i kje pisam sto kako
kje pustam i po nekoja slika
fala vi mnogu na site za sovetite

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
Одг: Борд компјутер
« Одговори #5 на: 28 Јануари 2022, 21:44:54 pm »
Не верувам дека единствената работа што треба да се направи е да се спари со радио, всушност е многу покомплицирано од тоа. Борд компјутерот треба да има комункација со повеќе модули од возилото за да добие информација за потрошувачката, изминатите километри и слично. Мислам дека многу тешко ќе успееш да го вградиш. Кај постарите Opel возила (90') сите имаа скриен џек позади обичниот LCD и беше Plug and Play, ама од Astra G па натаму возилата што од фабрика немаат борд компјутер, воопшто нема спремна инсталација за него. Мислам дека поефтино ќе ти биде друга кола да си купиш со борд :/

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Борд компјутер
« Одговори #6 на: 28 Јануари 2022, 21:59:59 pm »
На Astra H може да се активира без проблем борд компјутерот со ваков екран и OpCom за активација во BCM/UEC модулот.
Податоците се испраќаат преку CAN мрежата. Екранот комуницира со возилото преку GMLAN CAN (single wire), а екранот со радиото преку MSCAN. Е сега ако мултимедијата што ја има има CAN функции и симулација на BC копчето ќе функционира. Во спротивно ќе мора фабричкото радио.

Astra H/Corsa D ги имам доста проучувно бидејќи ги имав двете и правев експерименти. Ќе му се понудев на членот да му ја средам колата ама немам време да се занимавам со такви работи, доволно ми е автомобилска индустрија во тие 8+ саати на работа.  ;D

Отсутен Budweiser

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 108
  • Opel Astra H GTC
Одг: Борд компјутер
« Одговори #7 на: 29 Јануари 2022, 21:17:49 pm »
Да мојата мултимедија го има Settings и BC копчето и тоа би требало да функционира без никаков проблем.
Веќе најдов еден човек што се занимава со овие  работи и се договорив со него понеделник да го средиме.
Па ќе пишам што како
Фала ти на одговорот :D

Отсутен Budweiser

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 108
  • Opel Astra H GTC
Одг: Борд компјутер
« Одговори #8 на: 31 Јануари 2022, 19:23:41 pm »
Дечки готово средено е
Сега имам и борд и сите опции други што има