Ако некој решил да даде пара над 30000 за СУВ ова е единствениот логичен избор.
Се добива ТОА КОЕ МИСЛИШ ДЕКА СЕ ДОБИВА во СУВ. Значи се добива мекост, тишина, пристојни возни својства, комфор, изглед, итн. Не ти крши бубрези како во скоро сите СУВ, не се љуља како air dancer, нема галама на големи брзини. Едноставно седнато, згреана столица се видело што ТРЕБА да има СУВ (мекост), што не треба да има (резултати на нирбургринг) и се почнало со работа.
Да, ненормално е скапо, баснословни, бескрајни цени. Не да не вреди за парите него врска си нема. Ама ете за народ што се решил да фрла пари на СУВ, треба ова да го земе. ЗА СЕБЕ. За другите ако зимаш X6 е стално тука да те бодри во вечните авантури пред Броз.
П.С. Среќа бандажите лесно се менуваат со еднобојни и многу поубави.