Дојде ред да ја претставам мојата прва кола
Колава се движеше во моја околина веќе неколку години и секогаш ама секогаш погледот ми се лепеше за неа кога ќе поминеше. Ако секој пат тргав барем по 10 денари кога ќе кажев дека ја сакам колава веќе оддамна ќе ја имав. Па така еден ден после работа пријателот што ја имаше ја објавува во BMW огласник. Јуначко срце само 2 дена издржа да не му се јави да ја видам зошто не бев у план да барам или купувам кола. Му се јавив ја видов иако колата веќе ја знам комшија мој ја имаше се имав возено во неа. Ја повозив и ајде кај комшијата на моабет. Вика уште мие криво што морав да ја дадам земај ја не се мисли колата е супер. Со таткоми со девојками со кој не зборам дали се исплати дали не. Сепак се работи за стара кола но веќе ми беше многу смачено да немам основни работи како клима електрика серво во кола. Се погоди баш пред велигден мајсторот отиден на викенд ама толку се заакав во колата што му кажав на пријателов дека ја зимам уште на мајстор не однесена. А тој па ја продаваше зошто не сака дизел и во меѓувреме неможеше да најде кола за него и ми вика не ја продавам. Јас 3 дена не спиен мислам што да правам да ја зимам или не тој вика не ја давам... ајде моли по телефон измислувај филмови едно друго му викам сабајле доаѓам ја земам немој да ме вратиш. Така и бидна сабајлето на 7.04.2018 баш на велигден вика земај ја ајде ќе најдам валда нешто за мене деновиве.
Одкако ја паркиравме да набројам неколку работи што ми се битни на колата.
-Значи се работи за BMW е36 318 tds 90кс. Очигледно е дека фалат барем 20~30 кс на колата ама тоа не ми беше пресудно.
-1995година
-Електрика на предни прозори
-Електрика на ретровизори
-Има и екранче кое е поврзано со радиодо кое пушта dvd па може да пушташ спотови, валда и некој филм. Исто така кога ќе ставам во рикверц се појавува плава слика што значи наместено е за камера само камера ми фали ќе нарачам од ebay понатака.
-Паркинг сензори само 2 странични зошто како што кажав има припрема за камера па средни нема да требаат
-Клима двозонска
-Централно со далечинско кое што заклучува/одклучува кога ќе ја запалиш/изгасиш колата плус палење преку даљинското кое што мислам е измислено за у зима.
-Фарови со лупа, angel eyes и ксенон кој што светат одлично исто така има ксенон на магленките
-Кожа
-Серво и abs кој исто така ми се битни зошто на пунтото ги немав
-Културно затемнети сите стакла
-17" бандажи кој што и лежат како шамар на будала
-Спољерче на гепек
Ако споредам со пунтото можам да кажам дека е со фулл опрема
Еве и некоја слика:
Овие се пола зошто имав дуксери некој позади
Треба да додадам уште предности и маани што сум сменил и што треба да сменам ама денес од шетање малку сум изморен ќе го направам тоа друг ден. Не ме карајте за моторот тоа и така не е мој избор јас ја бирав колата моторот не ми беше пресуден ама признавам барем уште 30тина кс му фалат
Едит: Сликички: