Автор Тема: BMW e36 318 tds  (Прочитано 29065 пати)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
BMW e36 318 tds
« на: 01 Мај 2018, 22:59:36 pm »
Дојде ред да ја претставам мојата прва кола  :D

Колава се движеше во моја околина веќе неколку години и секогаш ама секогаш погледот ми се лепеше за неа кога ќе поминеше. Ако секој пат тргав барем по 10 денари кога ќе кажев дека ја сакам колава веќе оддамна ќе ја имав. Па така еден ден после работа пријателот што ја имаше ја објавува во BMW огласник. Јуначко срце само 2 дена издржа да не му се јави да ја видам зошто не бев у план да барам или купувам кола. Му се јавив ја видов иако колата веќе ја знам комшија мој ја имаше се имав возено во неа. Ја повозив и ајде кај комшијата на моабет. Вика уште мие криво што морав да ја дадам земај ја не се мисли колата е супер. Со таткоми со девојками со кој не зборам дали се исплати дали не. Сепак се работи за стара кола но веќе ми беше многу смачено да немам основни работи како клима електрика серво во кола. Се погоди баш пред велигден мајсторот отиден на викенд ама толку се заакав во колата што му кажав на пријателов дека ја зимам уште на мајстор не однесена. А тој па ја продаваше зошто не сака дизел и во меѓувреме неможеше да најде кола за него и ми вика не ја продавам. Јас 3 дена не спиен мислам што да правам да ја зимам или не тој вика не ја давам... ајде моли по телефон измислувај филмови едно друго му викам сабајле доаѓам ја земам немој да ме вратиш. Така и бидна сабајлето на 7.04.2018 баш на велигден вика земај ја ајде ќе најдам валда нешто за мене деновиве.

Одкако ја паркиравме да набројам неколку работи што ми се битни на колата.
-Значи се работи за BMW е36 318 tds 90кс. Очигледно е дека фалат барем 20~30 кс на колата ама тоа не ми беше пресудно.
-1995година
-Електрика на предни прозори
-Електрика на ретровизори
-Има и екранче кое е поврзано со радиодо кое пушта dvd па може да пушташ спотови, валда и некој филм. Исто така кога ќе ставам во рикверц се појавува плава слика што значи наместено е за камера само камера ми фали ќе нарачам од ebay понатака.
-Паркинг сензори само 2 странични зошто како што кажав има припрема за камера па средни нема да требаат
-Клима двозонска
-Централно со далечинско кое што заклучува/одклучува кога ќе ја запалиш/изгасиш колата плус палење преку даљинското кое што мислам е измислено за у зима.
-Фарови со лупа, angel eyes и ксенон кој што светат одлично исто така има ксенон на магленките
-Кожа
-Серво и abs кој исто така ми се битни зошто на пунтото ги немав
-Културно затемнети сите стакла
-17" бандажи кој што и лежат како шамар на будала  :-* :-*
-Спољерче на гепек
Ако споредам со пунтото можам да кажам дека е со фулл опрема  ;D ;D

Еве и некоја слика:













Овие се пола зошто имав дуксери некој позади  :D


Треба да додадам уште предности и маани што сум сменил и што треба да сменам ама денес од шетање малку сум изморен ќе го направам тоа друг ден. Не ме карајте за моторот тоа и така не е мој избор јас ја бирав колата моторот не ми беше пресуден ама признавам барем уште 30тина кс му фалат :-[

Едит: Сликички:














« Последно менување: 23 Декември 2018, 14:34:51 pm zeroSignal »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #1 на: 01 Мај 2018, 23:14:30 pm »
Добар примерок, со здравје да си ја возиш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #2 на: 01 Мај 2018, 23:33:14 pm »
Со здравје да се вози и средува. ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #3 на: 01 Мај 2018, 23:51:01 pm »
Vaka nadvoresno e bonbonce. Sozdravje da si ja vozis. Mislam deka so remap bi gi dobil tie 30ks.rasprasaj se ima nekolku dusi sto go pravat toa vo skopjevo.

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #4 на: 02 Мај 2018, 00:39:44 am »
Со здравје да се вози. Јас прво би ја изгустирал пред да и правам ремап. Ако и правам ремап воопшто...

Што е тоа под рачната ?
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #5 на: 02 Мај 2018, 07:38:40 am »
Изгледа каросериски здраво. Честитки

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #6 на: 02 Мај 2018, 20:51:01 pm »
So zdravje da si ja vozis, ubavo izgleda na sliki bmw-to.
Namesto remap dali si razmisluval za promena na motor so nekoj posilen?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #7 на: 02 Мај 2018, 21:02:33 pm »
So zdravje da si ja vozis, ubavo izgleda na sliki bmw-to.
Namesto remap dali si razmisluval za promena na motor so nekoj posilen?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Во оваа серија едина опција појака му е 325tds..

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #8 на: 02 Мај 2018, 21:03:02 pm »
Со здравје да се вози колата е бомбона!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #9 на: 02 Мај 2018, 21:06:44 pm »
Ubavo i zacuvano.So zdravje da se vozi.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #10 на: 02 Мај 2018, 21:16:43 pm »
So zdravje da si ja vozis, ubavo izgleda na sliki bmw-to.
Namesto remap dali si razmisluval za promena na motor so nekoj posilen?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Во оваа серија едина опција појака му е 325tds..

Ne gi znam site modeli na dizel motori sto gi ima serijava, ama pretpostavuvam deka bi bilo izvodlivo na nacin slicen kako kaj mene na kecot. Se dodeka e motor sto taa serija go ima od fabrika, so soodvetni modifikacii ako se potrebni na podvozje, mozno e da se atestira.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #11 на: 02 Мај 2018, 21:37:02 pm »
Dizeli gi imase 318tds 90ks,325 td 115ks i 325 tds 143ks...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #12 на: 02 Мај 2018, 22:20:54 pm »
Ја би рекол 328 бензинче, ама овде кај нас се е продувано. Нема везе, битно му праи мерак колата на knight_

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #13 на: 02 Мај 2018, 23:33:14 pm »
Добар примерок, со здравје да си ја возиш.

Фала Зоки :D

Со здравје да се вози и средува. ;)

Нееемој Симо фала Симо  :D

Vaka nadvoresno e bonbonce. Sozdravje da si ja vozis. Mislam deka so remap bi gi dobil tie 30ks.rasprasaj se ima nekolku dusi sto go pravat toa vo skopjevo.

Фала :D 
Па помислив на ремап меѓутоа колава е стара незнам како би се понашала со ремап мислам дека е голем ризик.

Со здравје да се вози. Јас прво би ја изгустирал пред да и правам ремап. Ако и правам ремап воопшто...

Што е тоа под рачната ?

Фала :D
Потполно се сложувам околу ремапот мислам дека на овие години што ги има е ризик голем. Тоа под рачната покажува температура ама изгледа мери внатрешна зошто на сонце да стој 50 степени покажува. Ќе сликам.

Изгледа каросериски здраво. Честитки

Фала Марјан :D
Има забелешки секако не е од вчера но за годините е доста сочувана исто така одоздоле кога ја гледавме ме зачуди нема ништо скапано.

So zdravje da si ja vozis, ubavo izgleda na sliki bmw-to.
Namesto remap dali si razmisluval za promena na motor so nekoj posilen?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Фала :D
Сеуште не а и најверојатно нема ни да размислувам на таа тема.

Со здравје да се вози колата е бомбона!

Фала Брзи :D

Ubavo i zacuvano.So zdravje da se vozi.

Фала  Мече :D

Ја би рекол 328 бензинче, ама овде кај нас се е продувано. Нема везе, битно му праи мерак колата на knight_

Убаво размислуваш за бензинчето :D


Главниот проблем околу моторот е што скоро до 3к вртежи како да не е тука очекував порано да повлекува како повеќето дизели но оваа напротив многу касни. Завчера бев за берово и еве еден пример што поточно се случува. Возам на автопат 100 во 5 та. Гас до крај и се влееееееече до 120 доаѓа 120 и наеднаш повлекува и дури ме чуди за 90кс колку брзо развива 150 км/ч. Дури мислам да ја возиам помеѓу 120-140 помалку ќе троши одколку на 100-110 зошто на поголема брзина само да ја допрам гаста и одржава брзина за разлика од 100 до 120. Малку чудно помислив можеби кога цркнало турбото и кога го замениле не го подесиле на компјутер ако воопшто може или треба да се направи тоа ама незнам до толку можеби па така си се понашала и нова/фабрички.
Сепак количево прави мерак 90 посто од времето си ја возам полека со мерак без бркање така да ова погоре освен што би го искоментирал не му се замрам многу многу  :D Сепак намената на колава е да си ја одржувам технички исправна да можам да прошетам со неа каде и кога сакам па да ме служи 5 години презадоволен ќе бидам понатака дајбоже нешто поново :D затоа не би размислувал на големи вложувања сега за сега.

По кривините накај берово малку ја тестирав доста стабилна воопшто не се навалува баш како што сакам дури и кога ќе претерав со брзината во некоја кривина зачудувачки колку држи и без знаци дека ќе пролизга на што се должи тоа незнам можеби има нешто чепкано во суспензија. 

Извозени 390 км Скопје Берово Скопје 80 посто нормално возење и 50 посто од километрите со клима, освен за назад после петровец до влез на скопје ја тестирав чисо да видам како се понаша на поголема брзина еден излет до 170 и неколку до 150. Со наполнет резервоар и дополнет на истата пумпа кога се вратив (незнам колку ова може да се рачуна за точно мерење) ми излезе 5.6л/100км. Со 17 ки и 225 очекував 6.5-7 дури ме зачуди.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #14 на: 02 Мај 2018, 23:57:55 pm »
Со здравје да се вози
So zdravje da si ja vozis, ubavo izgleda na sliki bmw-to.
Namesto remap dali si razmisluval za promena na motor so nekoj posilen?



Sent from my iPhone using Tapatalk
Во оваа серија едина опција појака му е 325tds..

Ne gi znam site modeli na dizel motori sto gi ima serijava, ama pretpostavuvam deka bi bilo izvodlivo na nacin slicen kako kaj mene na kecot. Se dodeka e motor sto taa serija go ima od fabrika, so soodvetni modifikacii ako se potrebni na podvozje, mozno e da se atestira.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Колку што сум јас запознаен, може да се атестира и мотор што фабрички не се ставал во тој модел
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i