Ти почна со ОТ, јас само ти реплицирам.
Во ниеден момент не реков дека ние треба да му ги покриваме трошоците, но сите работат за да заработат, па и за да покријат некои трошоци. Ти ќе работиш за без пари, или за заработка која не ти ги покрива ни основните животни потреби?
Фала богу дека ќе гледаме цени од странство, кога ни се достапни. И гледаме, и купуваме работи од странство. Еве, нема веќе да те напињам, ако почнуваш со лични провокации. Опцијата за купување нешто од странство секогаш постои, и е многу валидна и добра опција. Но постои и опцијата да си купиш нешто што е веќе донесено, увезено и кое што повлекува други трошоци. Некој друг ги тргал заебанциите за да го донесе. На крају краева, не му искочи на Гојдо филтерот 100 евра заради заебанции на царина?
На крају краева, не секој сака да се заебава да нарачува од Ибеј, па каснела испораката, па заебанции на царина, па филтерот одговарал или не одговарал, па ова било, па она било. Некој сака да си купи најнормално во продавница, каде што има гаранција, има можност да врати нешто ако не одговара, итн. Мирна глава.
Затоа реков дека ги разбирам цените, но не ги оправдувам. Диши малку, не ги сфаќај сите работи лично.