Ко што гледам те чека многу работа. Пред 3 години мењав свеќици и предница. Нгк платиниум беа 7 000 ки комплет, предница исто комплет околу 9000 со рука. Пред да мењаш зглоб провери да не е попуштен некој држач на мотор. Квака возачка може да те почастам направив неколку во ливница. Имам и зглоб ако се утврди дека е стварно проблем у него али евтини се околу 2500 така да ново си е ново ...
Со среќа
Фала другар, се надевам дека со тек на време ќе личи како што личела 95та од фабрика. Ќе ти бидам должен секогаш за рачката, барам наоколу и или се искршени или со смешни цени. Може да се договориме за пиво во наредно време кога ќе бидеш слободен, а за зглобот се сложувам со тебе потполно. П.С. дај ажурирај темата твоја малку, сум заборавил колку е здивувачка убавицата.
)))
Многу тоа свеќици 7000... Инаку гледај на позитивната страна, нема шанси да стснеш наркоман од кога имаш алфа, сите пари по неа ќе ти одат. Со среќа проектот, се надевам ќе излезе нешто добро на крај (иако јас би увезол здрава и би преправал нешто околу документите)
Да ти кажам денес се јавив во Авто Лидер, и сега цената што ја добив за NGK беше 1300 за едните и 1200 за другите, што значи рамно 10 иљадарки. Тоа е што е, го знаев фактот дека се скапи свеќиците уште пред да ја земам, но можда ќе успеам да најдам некоја цена поблиску до 7 бона на друго место.
800е се продава ваква Алфа,со истиот 2.0 мотор од 155кс,купена од прв газда во Мк,нема поминато над 150Ккм во Мк,префарбана е ради шо беше испечена бојата.Другто е цакум пакум.
МЕ интересира колку ја зеде со зафркнат мотор оваа.100е?,200е?
Дадов можеби повеќе отколку што треба, али не сум ни ги помислил парите втор пат. Би бил благодарен доколку имаш линк, слики, инфо нешто - јас лично немам видено 16 вентилец за таа цена, има една 1.8 црвена со кумановски таблици што е widebody, али таа од некои информации слушам дека е со 8V мотор. Како и да е, ме интересира повеќе за колава - ако имаш инфо пушти тука или по ПП. За 800 еур ако ја дава, тогаш жално за колата (ако е се цакум пакум, мада додека не видам не верувам).
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Тука уље од картер колку сакаш, не беше запалена неколку недели. Се деси да дознаам на потешкиот колку е ниска колава, друг картер.
Правилото вели: Ако под alfa нема уље на асфалт, тогаш нема ни у мотор
Со здравје да се средува, се надевам дека ќе брзо ќе ја доведеш во фабричка состојба, како каросериски така и механички и ентериерно.
Што се однесува до моторот, она звучеше како отиден летечи, и искривена радилица, не само искривена радилица
Али тоа е со 2.0 Twin Spark-овите. Кај нас никој превентивно не менвува летечи, а треба, на едно 160-170.000 да се сменат.
Не заборавај на промена на ремени на секои 3 години и 60.000км, тогаш смени го и дихтунгот за капак на вентили, со некој квалитетен.
Не заборавај незагреана да не ја цедиш.
Не заборавај здрав и функционален термостат да имаш секогаш.
Не заборавај да доливаш уље на секои 1000 км Во зима на средина, во лето на максимум.
Ако немаш пари во моментот за NGK оригинал свеќици, има соодветни замени, ама траат по 30-40.000км, наместо 100.000, битно е да има здрави свеќици и здрави кабли и бобини тие мотори.
Многу е можно, јас ќе пробав тогаш и тој мотор да го средувам, али од моето неразбирање кога ја земав - пробав да ја извозам до мајстор наместо шлеп и на сред пат дупка во тогашниот картер и све отиде у К. За цедењето се сложувам потполно, голема разлика има колава со незагреан и загреан мотор, али сега за сега не е ни возена нешто над 140 до кај 4000rpm. Здравје да земам свеќици, кабли и бонбини комплет следен месец и ќе почнам малку по малку да го ослободувам моторот. Читам на англиски форуми дека си бара стискање од време на време
))
Иначе со термостатот ме потсети, кога ја земав колава моторот креваше температура до 60 степени и се палеше перката, и цела зима така се возеше (иако не многу често). Проблемот испадна претходниот власник да си ставил термопрекидач од Југо (или којзнае што), па имав прилика да и го искусам и парното на крај на зима.
Фала за препораката за свеќици, иако за почеток не би идел со некои други свеќици - ќе земам како што треба сè, макар и да треба да почекам некоја недела плус.
Na vremeto koga izleze cudovo bese moja neostvarena zelba 95/96 god. Bratuced moj togas ja zema nova zelena metalik i eve go do den denes ja cuva so edvaj 120000km projdeno.
So srekja sreduvanjeto ima dosta alfisti na forum koj bi ti pomognale. Mislam deka clenot onak sreduvase ista vakva od koren ja pravese moze i od nego sovet da dobies.
Благодарам. Веќе го изназамарав Cuore Sportivo и ми помогна доста, се сеќавам уште пред да ја земам мојата како се лигавев на таа совршена црвена Алфа. Лудница е форумов, од дамна сум посетител али веќе е и време за членство
Момак....
Еве ти линк, како јас ја средував мојата 155-ка... Поприлично од корен, мада можев да идам и уште еден чекор наназад, а тоа беше демонтирање на механичките делови (мотор, мењач, заден трап) меѓутоа, немаше потреба реално...
Како и да е, линкот:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7271.0.html
Уживај во читањето, учи од мојата мака (за тоа е и темата) и да те видиме набрзо на асвалт, спремен.. Не заборавај дека на 6-ти мај, имаш алфа+волво собир. Сигурно ќе има некоја скоцкана 155-ка на тој собир...
Едит:
Еве линк од евентот... Дојди, и види, ќе си најдеш/видиш нешто што ќе ти се допадне. Јас сум организатор, уште еден член на форумов @Scorpion , и уште еден момак, што не е член на форумов ама е пасионер на алфа!
https://www.facebook.com/events/1584153025036992/?ti=cl
Ти благодарам за информациите, обавезно ја прелистувам цела тема вечер. Знам за собирот во мај од Facebook клубот, член сум и таму. Тешко дека со мојата ќе дојдам, за греота е сеуште, но ќе се потрудам да дојдам ради дружба со пријател, а и љубител на Волво во исто време сум бил отсекогаш (win-win). И секоја чест за собирот, се надевам ќе имаме прилика годинава и во наредно време почести собирања со машиниве.
Некои негативни страни од колава, што успеав да сликнам денес. Телефонот ми е ужас за слики, особено кога блешти сонце надвор.
Не знам како успевам калва да ја соберам од патиштата, али затоа што гумите се малку испакнати надвор по дизај), а и бојата е далеку од совршена (испечена, излупен лак, средувана... глупости) кал се лепи како лепак.
Ова веќе почнува да се шири и ме плаши. Најдов цело задно крило за 1000 денари, но друга боја, се мислам дали да го средувам ова или да го земам другото и да го префарбувам. И од другата страна има, но уште во ептен почетна фаза. Приоритет ми е да го средам ова сега, подвозјето ко што го видов немаше ништо, но како што пишав, далеку сум од експерт и во брзо време ќе ја однесам кај Жарко да почнеме да ја оживуваме.
Гепеков е огромен. Имам боца од 2010та внатре кружна и резервна гума што не ми е во гепек моментално. Се мислам што да правам со плинот, дали можам некако да го атестирам ако сменам боца и распуњача, или тоа е покомплициран процес? Имала атест колава во Бугарија, али со увозот претпоставувам се изгубил?
Во моментов не се вози воопшто на плин, изгасен е системот скроз. Ја пробував некое време, но проблемите на плин се зачестија откако се деси фрката со свеќиците, така да не е упален системов 2 месеци сигурно.
Видео од моторот, веројатно се слуша трокирањето кога давам малку понагла гас. Ако сум во движење, ова трокирање јебава, као да возам кола со 40 коња на угорница, затоа и седи сега паркирана и не е баш во возна состојба.
Фала на сите за подршката и информациите.