за проектов е потребно следново:
една алфа ромео во роскоп верзија... ја имам. презентација со слики утре-задутре, чим ке сликам...
мотор и мењач во солидна состојба-ги имам.
3 кила боја
2 кила кит
1 кило грунд
препорачливо е предна хауба да се смени
рака што ке мачка, струга и остали металолимарски зафати
се ова имам... хаубата веке ја сменив....
бидејки е роскоп верзија ми фалеа и следниве работи:
пресредување на електрична инсталација:
-прозор не работеше-моторче прегорено-средено
-жмигавци немаше-средено
-централно пола ради-пола не и тоа средено
-електрична инсталација под хауба за плинскиот уред комплетно извадена поради она што јас го викам 10 годишно прикрпување.. не сакате да видите на што личеше тоа кога отворив хауба... на сите страни жици, подзагорени, подзастопени и висат парчиња изолири.. во 3-4 случаеви ваљда немале изолир па се послужиле со кеса најлонска за да изолираат па со конец ја стегнале.. отровно бе.. незнам како не се запалиле досега
е сега,
-бензински дизни, уништени заради долгото возење исклучиво само на плин поради прегорена бензинска пумпа, која па прегорела затоа што останало без бензин во резервоар, а па така изненадно останало без бензин затоа што и протекле едно или повеке црева за бензин...
сменив пумпа... ја вклучувам,па кога рече тече бензин од сите страни... ајде 2 метра црева Ф8 и едно 10 стеги се сменив... па вклучувам пумпата ок е не тече, ама па и не работи колата на бензин... проклето на плин се навикнала... му се јавив на еден другар, ме одвлеча низ некои села онаму кај еден што растурал алфи и му зедовме дизни... ги ставаме дизниве запали некако ама клокоти и трокира... и тие не чинат.. ке има кавга утре си викам, му се јавивме, не викна да дојдеме со колата таму ке средел он...
излагам на автопат да ја пробам како иде колава ово-оно... стискам ко неарен, во 4-та 160 скоро 170, уште малце клипови ке почнат да фрштат низ хауба... ај викам доста е, не за друго почна да тресе волан некако многу чудно... застанувам и се враќам назад... во гаража стигам, вадам клуч да проверам тркалата дали се лабави.. пази моментов: ПРЕДНО ЛЕВО ТРКАЛ СЕ ДРЖИ САМО НА 1 ШТРАФ... од останатите 3 еден комплетно го нема а 2 се провртени... дрн-дрн ало друже, да ти со деловите за алфа.. ај те молам и една главчина спреми, сега ке дојдам да ја земам... ја сменивме и нејзе... дрн-дрн ало педер, ти што ми ја даде алафата... све живо да ти ебам, ако те најдам на улица ке те газам со нејзе или со што и да сум... требаше да ми кажеш, за малку бе со лопатче ке ме собираа од асвалт бе мамата... знаеш ли на 160 со само 1 штраф на тркало и тоа предно како пука алу бандаж? и знаеш ли бе мајчин што се дешава тогаш?
не е битно... нејсе... сум имал живот-век у мене сеуште...
понатака за мали пари што се вика, 4.000 денари ги имам спортски спирали и амортизери за оваа алфа...
е сега... барам турбина, интер кулер, цевки потребни овој мотор да се направи да биде турбаш.
до сега добив понуда за околу 300 евра да се вгради турбина... сега за сега алфава е со 130 коња... со турбина ке биде околу 180 коња... чекам одговор од уште луге, а и не е хитно, пошто прво лимарофарбарските работи да се завршат а и очекувам од вас тука да понудите солуција некоја...
и нај веројатно бандажи ке и сменам пак.. 15-ки се, сакам 14-ки, ама за тоа отом потом...