Вака другари: темава уште е активна, уште сум на Бравото што ме служи и го пазиме.
Во последно време зедов да гледам Џулиета. Mислам дека пред некој месец ја зачитав темата на
@marjanot , видов 2-3 примерока низ Македонија и Грција (но не сум ја возел) и останатото е историја. Не буквално да барам поединечни огласи, туку страшно ми се допадна, а и никогаш не ми беше во "видното поле" за потенцијална идна кола, од непознати причини за мене. Би замолил алфистиве (и нон-алфистиве) на форумов да ме советуваат која година и кој мотор (дизел), но да биде над 105hp, сакам да сменам малку на помоќно. Дали 150 или 170?
Буџет некаде би бил до 6-7 илјади евра, но не моментални цени (читај подолу). Дали воопште може да се најде добар примерок со погорните спефицикации за тој опсег на средства. Или советувајте ме за некој друг модел за толку пари, вклучително и моделиве од насловот на темава. Обично кога барам поединечни огласи за половни автомобили, во критериумите за пребарување внесувам годиште над 2009-та, моќност над 130hp, хечбек и нормално - цената.
Да бидеме искрени и да не се лажеме, со оглед на моменталната деловна и финансиска ситуација, јас не би можел да земам автомобил до, да речеме, пролет 2020.