Поздрав дечки. Ве читам одамна, но никако до сега да се регистрирам или да пишам нешто. Одличен форум.

Имено, како што пишува и во насловот, се мислам за купување наредно возило. Моментално возам Браво од 2001 (1.9 JTD, 105hp) што до сега се покажа/покажува одлично (поминато околу 100.000km од 2010). Би сакал да земам нешто помоќно од сегашново и секако, со многу повеќе опрема

Гледав коли од 2008/9 нагоре и некако овие три варијанти ми влегоа во очи. Би дал барем максимум до 7500 евра со регистрација. Леонов ми е онака, повеќе би одел на BMW.
Пример за ЛеонПример за 118dПример за 120dСвесен сум дека 120d е поскап и дека би зел за тие пари 118d од иста година со повеќе опрема.
Не се сеќавам како се викаше членот на форумот со BMW-то што имаше своја тема, ја читав пред некоја недела... Мислам дека он има 118-ка.
едит - Ja најдов темата, членот е
@Nino- Ако може да ме прочита, па да даде свое мислење од прва рака

))