Еве фино доловена разлика, со тоа што ова е на cold start, па звукот не е баш како што треба ни кај едната ни кај другата кола. Секако, V8 атмосферецот звучи подобро, и дефинитивно го има оној V8 шарм што Mustang би требало да го има.
Е сега.. За да биде јасно - inline-4 во Мустанг не е богохулие - и уствари, не е прв пат Ford да стави 4-цилиндерски мотор во Мустанг. Името Mustang е прв пат искористен за Ford-ов концепт во (мииииииииислам) 1960-та година, каде бил поставен mid-mounted V4. Понатаму, во 80-ти години се вградувал турбо-бензинец со четири цилиндри (дури мислам дека и тој беше 2.3-литарски), и тој мотор дури имал повеќе сила од тогашниот V8 (2.3 турбо моторот имал мислам околу 180 коњски сили, V8 атмосферецот околу 160...).
Така да.. Mustang со 4 цилиндри и турбо не е ништо ново. Интересното е што ентузијастите и тјунерите многу го фалат 2.3-литарскиот EcoBoost - полесен е 50-тина кила врз предната оска (иако според некои податоци што ги гледав, разликата може да биде и 100+ кила), плус моторот е супер за тјунинг пошто е фабрички со турбо и не му требаат дополнителни контролери, CPU-а, итн. Overall, Mustang EcoBoost повеќе го споредуваат со европските конкуренти, а Mustang GT е sledgehammer musclecar.
Добри тјунери вадат reliable 350-380 коња, 500+ Nm. Што воопшто не е лошо.
Јас не би имал никаков проблем со Mustang EcoBoost. Би уживал во него секој ден.