Отспав на впечатоците од роденденот, и полека но сигурно си се подредуваат и конечно можам да ги склопам во една мала благодарница:
Прво, благодарам на Фаланга и неговата сопруга што скршнаа од нивната рута само да ме соберат мене. Двајцата се мноооогу пријатни луѓе за муабетење и за друштво, и наредното нивно доаѓање во Гостивар, очекувам нивен повик да бидат убаво почестени за добрината што ми ја подарија.
Понатаму, пристигнувањето во Гран Клуб ми внесе трема, зашто мислев дека ќе ги заборавам сите што ќе ги запознаам, но воопшто не беше така - секој си има свој препознатлив карактер: osmica3921 киснеше покрај билијардот, bokicivic се жалеше за затегачот, Sportex ги нервираше Алфашите, velestrumf беше весел како и секогаш, gOJDO поставуваше граница во испиени чашки... и така натаму. Многу ми е мило што дојдов, запознав многу пријатни луѓе, и заклучив дека сите се дружеа со секого, како едно големо семејство.
И повторно понатаму: излегуваш од Гран Клуб, и те чека паркинг кој се гледа еднаш на многу години. Сите возила кои ги гледаш на слики, се 17 пати поубави во живо. Лансерот на Денде, Алфите на тројцата дежурни Алфисти, Ксарата на Аце, Honda S2000 во која се заљубив и уште многу други коли кои ти оставаат впечаток вреден за паметење.
Сакам да се заблагодарам на мама Ивана и тато Казан - луѓе вредни за запознавање, Мики cuoresportivo166, Carrier166 за друштвото и превозот до дома со неговата *немам зборови да ја опишам* Алфа... Благодарност до СИТЕ, денеска се разбудив со насмевка.
Да се дополнам: благодарност и до Класниот, Банзаи, Велештрумф и сите одговорни за организацијата и реализацијата на забавата, you made a young 'clubber' very, very happy!
КАРКЛУБ НЕ Е ЗАЕБАНЦИЈА!