Колите сами се поправаат? Не бе.
Спид лимитер нема. Те молам.
Возење во прво лице е за помоќните конзоли и PC. Значи, PS4, XBox One или PC.
---
GTA игрите секогаш биле своевидна пародија на одреден временски период. GTA 5 е скоро совршено исмевање на модерното западно општество. Уживај во сите детали, не само во приказната. Од Pisswasser пиво, до радијата, до сите работи. Не ја брзај.
---
Механиката на играње е најдобра меѓу сите такви игри. Од возење коли, до hand-to-hand combat, до пукање, итн. Кога ќе ја завршиш GTA 5 и ќе пробаш било што друго, ќе ти биде ко недовршено, и ќе разбереш на што сум мислел.
Јас ја изиграв и на PS3 (легално купена) и на PC (исто легално купена, ја начекав на Steam на попуст). На компјутер до сега сум потрошил околу 44 саати, и имам завршено околу 75% од работите што може да се прават.
Играта е ОГРОМНА, неверојатно детална и забавна.