Здраво, Клабери,
Планирам да опремувам стан од околу 50 м² и би сакал да добијам совети за избор на мебел и опрема. Бела техника треба да биде црна поради боите на кујната. Забележав дека црните елементи се поскапи
Гледам аспираторот Eurolux ENERGY TOUCH 60 BK/X со капацитет од 750 m³/h. Мислам дека за простор од 25 м², оваа моќност е доволна. Останатите се со по 400м3...
Дилема: Eurolux, Electrolux или Samsung?
Имам позитивно искуство со Eurolux , но првично мислев дека е Electrolux. Сега се двоумам помеѓу Eurolux, Electrolux и Samsung. Важно ми е да имаат голема гаранција.
Нептун/сетек = за купување се од иста продавница сигурно ке дадат попуст

Препорака за салон за мебел:
Гледам салони како Мебел Ви, Фејдом, Промо, Махагони и Технокоп. Имате ли искуства со овие салони?
Благодарам однапред за вашите совети и препораки!