Епа, дојде време и јас да го претставам мојот верен пријател - Golf MK1 1.6D. Го имаме во фамилија од 10.000 километри, од пред две години го возам јас.
-- спецификации --
Година на производство: 1985
Мотор: 1.6 дизел
Менувач: 5 брзини (оригинално со 4 брзини)
Поминато: 158.000 км
Врати: 3
Боја: најубава
Седишта: колку ве собере
Моќност: зависи како мењаш (али у главном, 54кс)
Дополнително, има радивце, мало вуферче под седиште и 4 звучника. Звучи културно.
Тазе беше кај Даме на светнување, така што некои фотографии се од кај него:
И една за крај:
Планот за понатаму е да се држи до колку е можна пооригинална состојба. Вратени се навлаките кои ги имаше до скоро, со цел да се сочуваат седиштата. Исто така, можно е да се врати и менувачот со 4 брзини, но има време.
ПС, благодарност до сите колеги форумџии кои ми помогнаа во потсредување на возилото и наоѓање на некои делчиња за голфот.