Автор Тема: Совет при избор на вуфер и појачало ?!  (Прочитано 5652 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« на: 17 Февруари 2018, 22:43:39 pm »
Дечки планирам да земам вуферче и појачало, половни, со скромен буџет од 4 до 5 000 денари... има бајаги избор иако е мал буџетот, што не очекував, ама паднала цената...изгледа не се појќе во мода, ама јас неможам да смислам музика без малце длабок бас од назад  :)  Еве што имам на ум и на понуда, па да видам што ви изгледа вас како најрационален избор

1. RENEGADE вуфер, со незнам што марка појачало - можам да ги слушам и плус одат комплет со кабли, значи заштеда 1 000 ден на кабли



http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2788983

2. Alpine SBE-1244BR 12 со појачало Kenwood KAC-821 - со тоа што вуферот бил моментално врзан на послабо појачало, а појачалото не му е ни наместено не го има најверојатно ни пробано - сумлива понуда, посебно муабетот за појачалото и плус од Скопје е, не би можел да го слушнам



http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2797394

http://m.reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=2797381

3. BLAUPUNKT појачало и вуфер - дечкото вели дека двете ги зел нови, 2 месеци работени и дека биле компактибилни едно со друго - стварно добра понуда,  ако е поштен дечкото пошто е од Скопје и не му се монтирани па не би можел да ги слушнам, само да ги земам на збор



http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2794347

4. Alpine Subwoofer 400W i Magnat pojacalo 400W - исто добра понуда, ме бендисва марката и состојбата вака на слики, од Струга е па би можел да скокнам до таму и да ги слушнам



http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2592402

5. PIONEER вуфер и појачало - Se prodavaat woofer i pojacalo marka PIONEER, neznam kolku VATNI se, ama znam deka se neveroVATNI  ;D  ;D Исто вака на слики изгледаат солидно, од Велес се, па и овие би можел да скокнам и да ги слушнам... го барам овој модел на вуфер на интернет и неможам да го најдам, дали е оргинал ваков незнам.




https://www.pazar3.mk/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81/%D0%A1%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0/%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81/%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81/%D0%92%D0%9E%D0%97%D0%98%D0%9B%D0%90/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B8-%D0%9E%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0/%D0%90%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BE-%D0%B8-%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8/Woofer-i-2ch-pojacalo-marka-PIONEER/2799560

Со цена се сите тука некаде, ако имате вие некој предлог до кај 5К пукајте.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29674
    • CARclub.mk
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #1 на: 18 Февруари 2018, 15:41:41 pm »
Ако случајно можеш да најдеш, земи си Pioneer TS-WX206 (мислам дека беше таа ознаката). Од време на време улетува по некој на Пазар3/Реклама5, а имаше и на форум тука огласено.



Јас го земав тука на Форум пред неколку години. Супер се, и повеќе од доволни за во нормална кола.

Препорачувам да бараш активен вуфер, со вградено појачало. Ем се генерално со покомпактни димензии, ем се многу полесно вадливи во случај да ти стреба простор, ем покултурно изгледа од склапанициве - нема кабли, итн.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #2 на: 18 Февруари 2018, 15:46:52 pm »
Ако случајно можеш да најдеш, земи си Pioneer TS-WX206 (мислам дека беше таа ознаката). Од време на време улетува по некој на Пазар3/Реклама5, а имаше и на форум тука огласено.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Јас го земав тука на Форум пред неколку години. Супер се, и повеќе од доволни за во нормална кола.

Препорачувам да бараш активен вуфер, со вградено појачало. Ем се генерално со покомпактни димензии, ем се многу полесно вадливи во случај да ти стреба простор, ем покултурно изгледа од склапанициве - нема кабли, итн.
Јас го имам 205. Ама и 205 и 206 се за хечбек или караван. Не се доволно силни за седани. Чисто како една забелешка ако некој планира да го стави во седан.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29674
    • CARclub.mk
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #3 на: 18 Февруари 2018, 15:51:30 pm »
@n1kola - Искочив, сликнав набрзина како изгледа кај мене во кола.


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #4 на: 18 Февруари 2018, 15:56:58 pm »
Активните не се претежно многу јаки а се скапи.. Подобро и поевтино е обичен, па си комбинираш друг вуфер друго појачало..

никола, каблите (квалитетни) се околу 1500 денари .. Ти треба 2 долги кабли пинови за влез, еден дебел за +, осигурач... Гледај вуферот да е 12ка..
Јас мојот уште ми е мака што го дадов кенвудот... 800W со 350W појачало.. Па здравје ијас планирам да земам пак нешто..

Од огласиве јас би го земал BLAUPUNKT-от..

Или па да си додадиш пари да си земиш ново од нептун.. Оваа комбинација ќе биди појака и поквалитетна од тие на огласите..

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_64_179&product_id=206944
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_64_178&product_id=214102

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10462
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #5 на: 18 Февруари 2018, 16:09:32 pm »
3 ili 4

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #6 на: 19 Февруари 2018, 22:30:36 pm »
Да активните се подобри во смисла дека не зафаќаат многу простор и немаат кабли, се си е фабрички натокмено... ама пак се многу поскапи и воглавно се 8-10 инчи, што реално е мало за во лагуна. Јас сум најмногу загреан за Alpine - от од Струга или Blaupunkt- от од Скопје и двете се 12",  само чекам прво прво плата да земам  :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #7 на: 19 Февруари 2018, 23:19:01 pm »
Јас ипак би ти предложил да си одиш со некој активен отколку да експериментираш со овие :)  со две плочи 12"камарите го полнат звукот,  ти еден и пол квадрат имаш потреба
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #8 на: 19 Февруари 2018, 23:25:40 pm »
Доколку правиш сам свој систем, 8“ квалитетен woofer со соодветно димензионирана кутија и појачало од 150-250 реални вати е и повеќе од доволно за секој хеч во производство во моментов. Тоа ако ти е за слушање музика. Ако ти е за други намени (такмичарски, да те познаат у град по басот од кола и сл.), тогаш може да се иде и на 2x15"  две појачала од по 800-1000W итн.
Мој избор во моментов би било нешто вакво: https://www.alpine.co.uk/p/Products/SingleView/SWE-815

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #9 на: 19 Февруари 2018, 23:45:20 pm »
Барам половни вуфер и појачало за  да ми ја исполнат потребата за бас, ќе ги врзвам на фабричкото радио далеку од тоа дека сакам да бидам препознатлив  :D арно ама изборот е голем па затоа одделив погоре неколку меѓу кои се двомам.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #10 на: 20 Февруари 2018, 00:16:53 am »
Тој од струга алпинето одамна го продава... Уште мојот го немав продадено тогаш, скоро 1 година.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #11 на: 20 Февруари 2018, 01:03:16 am »
Ме замисли сега  :) Тој ќе појдам до таму и ќе го слушнам...не дека се разбирам ама би требало да вади некој крш звук ако не чини

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Совет при избор на вуфер и појачало ?!
« Одговори #12 на: 20 Февруари 2018, 01:08:41 am »
Нема врска, можи тогаш му бараше некој денар одвишок, не се сеќавам.. За 5500 да го дај ќе биди одлично..

Отсутен red dragon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Продажба на половни делови за Опел астра Ф !!!! За повеќе информации приватна ПП !!!!