Автор Тема: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift  (Прочитано 15478 пати)

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« на: 16 Февруари 2018, 00:14:32 am »
Како што гласи насловот, скоро 2 месеца горд сопственик на (старо)ново мече, овојпат спакувано во 2.700 кубни сантиметри и 170 коњски сили, спарени со автоматски менувач со некој си квази "типтроник"...

Од фабрика излегла во 2000та година, со elegance ниво на опрема, но има многу додатна опрема која беше не пресудна но секако добредојдена во размислувањето на куповината на истото. Long story short, од опрема има следно:

-ксенон фарови
-фабрички паркинг сензори
-шибер кров
-темпомат
-електрични подвижувани предни седишта
-меморија за 3 лица на возачко седиште и воздушна лумбарна поддршка
-електрично придвижуван волан во висина и длабочина
-двозонска мануелна клима
-фабричка навигација(голем плус што доаѓа и со подобрено озвучување)
-амбиентално осветлување во кваките, кај нозете и на ретровизорот
-автоматско затемнување на ретровизори(внатре надвор)
-некое си копче кое ги држи греачите активирани и дува топол воздух додека незагрее целосно(искрено интересна ствар)
-16ки патичиња(оригинални се од ц класа w203 серија)

И останатата опрема сите ја имаме, волан, папучи за гас кочница(некои имаат и 3та папуча лево, незнам за што е таа), ЕЅР, електрика на сите стакла и ретровизори, резервно тркало и тако даље и ближе


Досега има пројдено бааѓи пројдено, али не ме отргна да не ја земам, добро е одржувана, корозија скоро и да нема, има неколку мали точки (горе кај шиберот, и две на праговите на совозачка и позади неа страна), единствени минуси се што е малку изгребана од четки/гранки/камчиња, но план е да се носи на санација за корозијата и едно полирање(најверојатно мајстор Даме ќе ја има таа чест) и тоа што 270кава има фабрички поголеми дискови и челичните бандажи со зимски гуми од старата е класа не пасуваат на оваа па се молев цело зимо да не падне снег јер летне су гуме... Потрошувачката во град се движи околу 10, во поладните денови што изминаа најмногу се искачи на 10.9 по борд, додека пак за нова година се прошетавме до Охрид и на отворено при брзина од 130 кмч покажа смешна потрошувачка нешто помалку од 5 литра. Инаку купена во декември месец, измината и беше регистрацијата, па првото нешто беше регистрација и зелен картон, додека следниот ден оставена во сервис кај Влатко и сменето потрошен материјал(масло, филтри и задни плочки), заменет нов термостат, наместена нова предница, ново црефце за сервото на воланот(беше дупнато па го губеше маслото). По неа трошкови остануваат замена на задни стабилизатори, уште еден пар бандажи на кои ќе бидат монтирани нови летни гуми, нови зимски гуми, полирање и средување ситна корозија, убава заштита со кобит на подвозје/прагови од корозија, платнени патосници и пари за гориво


Одприлика тоа е за неа, сеа ќе дојде некое сликиче од неа

















No turbo, no fun :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #1 на: 16 Февруари 2018, 00:17:24 am »
Ти љубоморам, ама искрено.
Со здравје да си уживаш.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #2 на: 16 Февруари 2018, 00:22:56 am »
Третата папуча од лево е рачната.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #3 на: 16 Февруари 2018, 00:30:32 am »
Колиште. Единствена кола на која јас не би ја погледнал километражата при купување. Субјективно размислување - тука Мерцедес заврши со производство на Мерцедеси и премина во производство на бижутерија.*

Да ја отепаш од крузање!





*Не мора никој да се сложи со ова.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #4 на: 16 Февруари 2018, 00:35:17 am »
Топ, со здравје да се вози.. Ме интересира бучноста како е споредена со 220ката ? Со оглед на тоа дека ова е со 6 цилиндри...

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #5 на: 16 Февруари 2018, 00:38:54 am »
Убава машина, со здравје да се вози до милионче или две.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #6 на: 16 Февруари 2018, 00:43:57 am »
Ти љубоморам, ама искрено.
Со здравје да си уживаш.

Фала ти, па да те видиме со w211/212 некоја :D

Третата папуча од лево е рачната.

хахаххаа, да да, заборавив на тој момент, али сепак мислев на кумплунг кај некои возила :D

Колиште. Единствена кола на која јас не би ја погледнал километражата при купување. Субјективно размислување - тука Мерцедес заврши со производство на Мерцедеси и премина во производство на бижутерија.*

Да ја отепаш од крузање!





*Не мора никој да се сложи со ова.

Искрено, истиот муабет и јас си го направив, реално, ретко менувам кола,во случајов се смени пошто старата е класа беше пропаднала од корозија, зимски/летен сет ап на гуми се менуваа крената на трапови, напред се молевме дигалката да не пробие праг, и кога дојде денот да ја гледам колава, прв поглед ми беше каросериски, тоа ми е побитно, не ни го прашав дечкото колку има пројдено, после тоа низ борд вртев и ја здогледав километражата и не ми беше шубе

инаку фала на честитки :D

Топ, со здравје да се вози.. Ме интересира бучноста како е споредена со 220ката ? Со оглед на тоа дека ова е со 6 цилиндри...


Јок, 270ките се 5 клипни, 320ките се редени шестаци(подоцна 3.000 доаѓаат во V форма)  а инаку бучавата е небо и земја, самиот мотор и ладен кога е е многу посмирен и порафиниран, на аутопат скоро и да не се слуша моторот, има доста изолација по неа

Инаку фала на честитките :D


Убава машина, со здравје да се вози до милионче или две.

Фала ти, поубава да си купиш :D
« Последно менување: 16 Февруари 2018, 00:48:59 am Kikac »
No turbo, no fun :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #7 на: 16 Февруари 2018, 00:55:54 am »
Создравје да се вози одличен примерок другар имаше 550 000км поминато со редовни сервиси и дизни сменети безвременска машина

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #8 на: 16 Февруари 2018, 05:23:59 am »
Тој мотор 270ката е многу погоден. Со здравје нека се вози и уље на аутоматикот да си мењаш редовно


Испратено од мојот прекрасен мобилен користејќи Тапаток

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #9 на: 16 Февруари 2018, 06:50:29 am »
AAAAAA drugar ubav primerok ti posakuvam mnogu bezgrizni km

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #10 на: 16 Февруари 2018, 08:14:12 am »
So zdravje da se vozi. Inaku kolju ima pominato zosto izgleda mnogu zacuvano.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #11 на: 16 Февруари 2018, 08:17:15 am »
Аутоматик ли е?

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #12 на: 16 Февруари 2018, 08:31:03 am »
Како што гласи насловот, скоро 2 месеца горд сопственик на (старо)ново мече, овојпат спакувано во 2.700 кубни сантиметри и 170 коњски сили, спарени со автоматски менувач со некој си квази "типтроник"...

Отсутен D_NazGUL

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 133
  • Come to the dark side - We have cookies!
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #13 на: 16 Февруари 2018, 09:46:06 am »
Уфф одличеб крузер! Наздравје.  ;D
Zastava 101 >> Daewoo Matiz >> KIA Ceed >> Audi A3 >> VW Passat Variant >> Peugeot 508

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
« Одговори #14 на: 16 Февруари 2018, 09:52:07 am »
Како што гласи насловот, скоро 2 месеца горд сопственик на (старо)ново мече, овојпат спакувано во 2.700 кубни сантиметри и 170 коњски сили, спарени со автоматски менувач со некој си квази "типтроник"...
Aуууууу... Благодет.