Еее кога ќе ми текне дека едно време се зимаше Type R за 23-25 000...
Да не бидам надвор од темата.
Фино изгледа, има некои интересни и уникатни линии, барем не е грда како јапонските и браќа. Малку предните елементи (фарови и решетки) како да ми се премногу големи за оваа класа на возило, али во живо ја немам видено, може и да се таман.
Воланов некако премногу копчиња, многу натрупан. Друго... секаде мат (алуминиум) финиш, а рачката од менувачот хромирана!?
Дисплејот убаво уклопен, не изгледа како таблет (за чудо).
Ако нема верзија со 3 врати, би требало да има.