Автор Тема: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta  (Прочитано 8376 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« на: 26 Јануари 2018, 13:45:26 pm »







http://www.carclub.mk/2018/01/26/test-nissan-micra-0-9-i-gt-acenta-skok-vo-vistinskata-nasoka/

--

Огромен напредок во однос на претходната генерација. Не можам да опишам. Во ред, не е толку рафинирана и толку стегната како (да речеме) новата Fiesta, ама се гледа дека обрнале внимание на важните работи. Менувачот ми е непрецизен, ама се навикнува човек, и не ми е допустливо за кола што (официјално) кошта 17.000 евра да нема кожен волан.

Прегледноста кон задниот дел е ограничена ради Ц-столбовите, и заради тоа би ставил сензори позади. Моторчето е многу океј - се осеќа „размислување“ на ниски вртежи, односно не се дешава ништо, ама кога ќе вклучи турбенцето, сосема е океј. Звучи ко фен на кец, ама тоа е тоа.

Overall, well done. Плус, шала на страна, океј изгледа.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #1 на: 26 Јануари 2018, 14:15:32 pm »
На изглед не е лоша, далеку подобра од претходната генерација.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #2 на: 26 Јануари 2018, 14:48:07 pm »
Јас би додал кожен волан и централен наслон, и ќе си биде таман.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #3 на: 26 Јануари 2018, 14:52:12 pm »
МАлку сум аут со цените на новите возила,но мислам дека од конкуренцијата за тие пари ке земиш посолиден мотор...ПОточно речено посолидно возило,исто ако не и повеќе опрема,појак мотор...Убаво е вака.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #4 на: 26 Јануари 2018, 15:05:45 pm »
Sino imam videno niz grad, super izgleda, ama cenata isto da e micro, a ne kako sega macro :-D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #5 на: 26 Јануари 2018, 16:50:48 pm »
Интересно изгледа, од страна Астра, од позади Swift, од напред Џук. Конечно возило со термометар на разладна течност и конечно саглам мотор каков што треба да имаат 99% од субкомпакт (па и компакт класа) возилата. Овој е истиот мотор од Рено така? Уште да го направат фабрички на плин/метан и имаат комплетно возило.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #6 на: 26 Јануари 2018, 16:54:45 pm »
Чекајте малце другари, заеби воланот, ама 17000 за микра/такси возило со 0.9 ни наслон шо нема внатре!?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #7 на: 26 Јануари 2018, 16:57:22 pm »
Инсистирам да поминеш до салон и да ја повозиш колата.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #8 на: 26 Јануари 2018, 17:01:39 pm »
Не викам дека не е добра,  сум го возел моторот во твинго добар е,  си сака малце да го држиш на обртаи, муабетот ми беше микрата одсекогаш била онака возило за луѓе со скромен буџет, Битола имаше цела такси компанија со микри и сеа наеднаш 17000 евреи.. Далеку од буџет возило, според мене барем
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #9 на: 26 Јануари 2018, 17:05:04 pm »
Аман бе прекинете со цениве....
Нов модел јебига, уште се продава стариот. Не е тачно дека е многу висока цената, кога ќе се стабилизира на 15к има да оди ко алва низ европа, каде не им прави никаква разлика дали е 14 или 15к колата. Тоа што кај нас у Мајмундонија се нема осет (и биџет) тоа е друга тема.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #10 на: 26 Јануари 2018, 17:07:31 pm »
Па кој рекол дека новата Микра е буџет-возило?

Ене ти Дачиа ако ти треба буџетарац.

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #11 на: 26 Јануари 2018, 17:10:18 pm »
Најинтересно од се е што истите тие импортери реагираа за олеснетиот увоз на половни возила, дека им опаднала продажбата на нови возила а народот купувал стари возила кои загадувале. Па со вакви цени можат и со еден вработен да останат.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #12 на: 26 Јануари 2018, 17:24:19 pm »
Слаби 90ве коња само. Во споредба со екобуст 1.0 100кс или па тси 1.0 95кс. :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #13 на: 26 Јануари 2018, 19:25:04 pm »
Еее кога ќе ми текне дека едно време се зимаше Type R за 23-25 000...

Да не бидам надвор од темата.
Фино изгледа, има некои интересни и уникатни линии, барем не е грда како јапонските и браќа. Малку предните елементи (фарови и решетки) како да ми се премногу големи за оваа класа на возило, али во живо ја немам видено, може и да се таман.

Воланов некако премногу копчиња, многу натрупан. Друго... секаде мат (алуминиум) финиш, а рачката од менувачот хромирана!?
Дисплејот убаво уклопен, не изгледа како таблет (за чудо).

Ако нема верзија со 3 врати, би требало да има. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Тест: Nissan Micra 0.9 I-GT Acenta
« Одговори #14 на: 26 Јануари 2018, 19:40:34 pm »
Добро основната верзија почнувала од MICRA 1.0 VISIA 71КС 13,800 €

;D

71КС за 13800.

Ако не се лажам, најскапиот сооднос КС/€

;D