Не ме бендиса што нема ниеден чашодржач или некако малку. И потрошњата на SUV си е потрошња на SUV. Језда во случајов е аутоматик и благодетот се плаќа.
Главната работа што ја вади колава се LED фаровите и одличниот избор на боја. А понатаму и еднобојните бандажи дополнително додаваат ефект на зголемување на добриот изглед. Инаку незнам баш дали вака ќе изгледаше колава и дали ќе ми се бендисаше.
Како и да е остатокот е навистина комплетно SUV возило. Според мене и подобро од Kоdiak. Дали заради седиштава или помалата висина од патот, ама бајаги колеста вожња дава. Нема труцкања што е синоним за SUV возила кои мора да имаат камен суспензија. Осет убав, комоција добра, не се напрегаш при патување како возач. Стварно солидно.