Автор Тема: Hyundai  (Прочитано 350432 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Hyundai
« Одговори #1590 на: 31 Јануари 2014, 14:08:44 pm »
Maaна кај киава, дизајнот на воланот не ми се свиѓа.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Hyundai
« Одговори #1591 на: 31 Јануари 2014, 22:41:50 pm »
Maaна кај киава, дизајнот на воланот не ми се свиѓа.


Кој те прашва па тебе дали ти се свиѓа ?




Важно на ЛП му се свиѓа  ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Hyundai
« Одговори #1592 на: 01 Февруари 2014, 00:56:14 am »
Киата е софт тач, се осеќаш како во висока класа. Ем вожњата е одлична, не ги пренесува дупките во кабината, и не се навалува во кривините. Мислам дека е првата косилица во светот, на која го решија проблемот со педалата за гас, на 1.4 моторот може да се регулираат вртежите 10x подобро, скоро како кај дизел. Се вози на 1500рпм без никаков проблем ни сецкање, всушност го обожава долниот режим на работа. Мењачот е клик клик, ултра лесен, прецизен и со клик. возилото има многу изолација, до 3000рпм не брчи воопшто.

Лол, каков трол.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Hyundai
« Одговори #1593 на: 13 Март 2014, 14:30:32 pm »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Hyundai
« Одговори #1594 на: 13 Март 2014, 14:34:35 pm »
4 wheel burnout.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom



Новата трансмисија е дизајнирана да обезбеди порационално користење на горивото, истовремено нудејќи подобри перформанси и чувство на спортско возење.

Овој менувач доаѓа како замена за актуелниот шест-брзински автоматски менувач на Kia (кој е достапен во најголем број од моделите на корејскиот производител), при што ги комбинира предностите на рачен и автоматски менувач, овозможувајќи побрз пренос.

Во текот на развојниот процес, инженерите имале за цел да постигнат 7 процентно намалување на потрошувачката на гориво и 5 процентно подобрување на забрзувањето (0-100 km/h), во однос на постоечкиот 6-брзински DCT менувач. Сепак, фокусот бил ставен на намалување на бучавата и вибрациите при менувањето на брзините.

Новиот DCT се одликува со две спојки, при што секоја од нив е поврзана со електричен механизам со цел да овозможи порационално користење на горивото.


LosiPatista

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
LOL
« Одговори #1596 на: 19 Март 2014, 16:10:25 pm »
Hyundai тврдеше дека новата Sonata троши 7,9 литри гориво, а всушност вистинската потрошувачка е 8,2 литри ...



Презентирајќи ги перформансите и можностите на новата Sonata, корејскиот производител повторно претера со податоците за потрошувачката на гориво, намалувајќи ја реалната потрошувачка на автомобилот. Овој феномен не е невообичаен во автомобилската индустрија, но интересно е тоа што Hyundai еднаш веќе имаше слични проблеми.

Во тој случај, поради неточни декларации за потрошувачката, компанијата загуби судски спор, поради што требаше да исплати по 353 долари на сопствениците на одредени модели произведени во периодот меѓу 2011-та и 2013-та година. Со оглед на тоа што ваквиот износ требаше да им се додели на околу 600.000 клиенти, може да се констатира дека производителот со „тешко срце“ морал да издвои позавидна сума.

Новата грешка, како што е споменато и погоре, се однесува на моделот Sonata, за кој Hyundai тврдеше дека троши 7,9 литри, но официјалните тестирања покажаа дека реалната потрошувачка е всушност 8,2 литри. Со оглед на тоа што новиот модел се' уште не е пуштен во продажба, со исклучок на јавниот срам, компанијата нема да претрпи некакви посериозни санкции.

LosiPatista


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai
« Одговори #1597 на: 19 Март 2014, 16:15:44 pm »
Целово ова е огромна глупост.

Потрошувачката се мери според некаков стандардизиран тест. Ако Хјундаи (или било кој друг) објави потрошувачка според тој тест, тогаш не би требало да има разлика. Баш ме интересира како се постигнати официјалните резултати, а како „реалните“.

Во Европа се мери според NEDC - тест што е крајно нереален, па затоа имаме значително повисоки бројки во реални услови.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Hyundai
« Одговори #1598 на: 19 Март 2014, 16:20:31 pm »
Моторот извадил толку-и-толку на тест, а овие го поднамалиле резултатот. Колку што сфатив.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Hyundai
« Одговори #1599 на: 19 Март 2014, 18:03:14 pm »
Целово ова е огромна глупост.

Потрошувачката се мери според некаков стандардизиран тест. Ако Хјундаи (или било кој друг) објави потрошувачка според тој тест, тогаш не би требало да има разлика. Баш ме интересира како се постигнати официјалните резултати, а како „реалните“.

Во Европа се мери според NEDC - тест што е крајно нереален, па затоа имаме значително повисоки бројки во реални услови.

Ситуацијата е смешна од што е глупава. Не трошел 7.9 туку 8.2. Кажи ми за кое возило во светот ова не може да се монтира?  Додека не направат еден "NCAP Fuel Consumption" во лабораториски услови кои мора да биде задолжителен за сите возила, амеркиканциве ќе се брукаат со вакви и слични глупости во обид да ја спасат својата скапана економија.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai
« Одговори #1600 на: 19 Март 2014, 18:07:51 pm »
Си имаат они стандардизиран тест.

https://www.fueleconomy.gov/feg/fe_test_schedules.shtml

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Hyundai
« Одговори #1601 на: 19 Март 2014, 18:12:01 pm »
ЛП да пишува нешто лошо за Хјундаи ???

Кај ли оди светов .....

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
HYUNDAI СО 10,6% РАСТ ВО МАРТ
« Одговори #1602 на: 07 Април 2014, 11:17:00 am »
Hyundai Motor објави дека компанијата забележа раст од 10,6% во глобалните продажби во изминатиот месец. Вкупната реализација на компанијата во март била на ниво од 431.532 единици, а минатогодишните индикатор за истиот период изнесува  390.042 возила.

Единствено каде се бележи пораст со едноцифрена вредност во продажбата на патнички автомобили е на домашниот пазар. На сите други пазари, брендот ужива подобрувања на своите позиции со двоцифрена вредност. Вкупниот резултат за март во Кореја е + 3,1%, во споредба со истиот месец 2013. На меѓународните пазари, Hyundai Motor, евидентира зголемување во реализацијата од 11,9%.

Во моментов, Hyundai Motor располага со седум меѓународни производствени комплекси во Бразил, Кина, Чешка, Индија, Русија, Турција и САД.

LosiPatista

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
HYUNDAI РАЗМИСЛУВА ЗА ЧЕТВРТА ФАБРИКА ВО КИНА
« Одговори #1603 на: 07 Април 2014, 13:37:18 pm »
Според публикација на агенцијата Bloomberg, Hyundai размислува за изградба на четврта своја фабрика на територијата на Кина. Минатата година, Hyundai објави дека за прв пат во историјата на овој пазар реализираше над 1.000.000 автомобили. Ова беше извонреден успех на корејскиот бренд,  бидејќи во исто време на домашниот пазар имаше остварување над 640.000, а во САД 720.783 единици.

Новиот, четврти производствен комплекс на Hyundai во Кина ќе биде со годишен капацитет од 300.000 возила, што ќе придонесе за вкупно ниво од 1,51 милиони единици. Очекувањата на раководството на марката за оваа година се  реализација на околу 1.13 милиони возила, а вкупните за земјата се предвидува да ја минат границата од 20.06 милиони до 2016 година.

Во моментов, во трите фабрики кои се наоѓаат во Пекинг, Hyundai произведува 10 модели.


LosiPatista

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai
« Одговори #1604 на: 07 Април 2014, 15:54:49 pm »
Еб*ти компанијата. Да не им е Кина ќе пропаднат. ;D