Според последните истражувања на консултантската куќа Интербранд, Хјундаи Мотор Компани е најбрзо растечки автомобилски бренд во светот со 20,5% раст во споредување со 2012 година. Благодарение на вака силниот раст, корејската компанија се најде меѓу 50-те највредни марки на светот

Вредноста на Хјундаи годинава достигна девет милијарди американски долари (6,64 милијарди евра), што придонесе компанијата да се најде на 43. позиција на листата на 100 најдобри светски брендови.
Хјундаи се наоѓа на оваа листа веќе деветта година по ред, а во 2013 година по прв пат се пласираше во 50-те најдобри. Со влегувањето во оваа листа, во 2005 година, Хјундаи ја зазема 84-тата позиција. Од тогаш, компанијата бележи постојан раст на вредноста, како и своите позиции на пазарот.
Вредноста на брендот се зголеми за 160 проценти, додека позицијата на брендот од 2005 година се поправи за 41 место. Од 2008 година, вредноста на Хјундаи се зголеми за 96%. Тоа е речиси дупло повеќе од просечниот раст во автомобилската индустрија кој изнесуваше 42%. Резултатот се поправуваше за 20% секоја година, од кога во 2011 година компанијата донесе одлука да изврши промени во своето раководење.
Покрај тоа што успеа да влезе во првите 50 најдобри брендови на светот, Хјундаи го поправи својот пласман и на листата на 10 највредни автомобилски марки, каде од 9-то место во 2012 година, скокна на седмата позиција во 2013 година.
LosiPatista