Европскиот дизајнерски центар на Hyundai во моментов е предводен од Томас Бјуркл. Германецот кој дојде од BMW се обиде да создаде нов имиџ на корејската компанија, во што сосема успеа. Слична формула беше употребена и од другиот голем корејскиот производител, Kia, каде дизајнерската палка е во рацете на Питер Шрејер, кој дојде од Audi и рака на срце направи чуда!

Самиот Бјуркл тврди дека преминот од големиот концерн како BMW во Hyundai е предизвик за што сонува секој дизајнер. Тој со гигантот од Сеул се договори уште во 2005 година, каде почна како што се вели од нула и постепено се издигна до самиот врв.
-Идејата да создадам нов имиџ на некој бренд, почнувајќи од нула беше одлучувачкиот фактор да дојдам во Hyundai, раскажува Бјуркл. - Во BMW бев многу добро прифатен, одговарав за дизајнот на „тројката“ и „шестката“, но таму нештата беа повеќе од јасни. Насоките беа претходно поставени и утврдаени, немаше никакви шанси за евентуални промени. А, Hyundai беше еден чист бел лист. Немав право да пропуштам слична шанса ".

Првата негова работа беше концептот Hyundai Genus кој беше претставен пред светката јавност во 2006 година.
-Овој автомобил имаше хексоаголна маска на ладилникот. Јас дојдов од BMW, а пред тоа имав доста искуство и во Mercedes-Benz и на ова многу сум работел. Затоа и бев свесен и реков на луѓето во Hyundai, потребна ни е корпоративна, трендовски прифатлива маска на ладилникот. Тоа беше прифатено и потоа сите наши модели, почнувајќи од ix35 се со ваква маска. Заедно со ова и поблагите тонови и линии, како и играта со темни и светли бои, станаа дел од корпоративниот трендовски дизајн на компанијата, се потсетува Бјуркл.
Шефот на европскиот дизајнерски центар открива и детали за самата филијала која делува во Германија. Под раководство на Бјуркл се вкуопно 50 лица, меѓу кои има Французи, Англичани, Шпанци и дури еден Русин. Токму тука се создаваат автомобилите наменети за клиентите во Европа. Во моментов 88% од автомобилите Hyundai продадени на Стариот континент, се произведени во него. Премиум-моделите на Hyundai се создаваат во Кореја, но со учество на европската филијала, бидејќи следната генерација на овие возила мора да биде добро прифатена на сите меридијани на планетава. Генерално дизајнерски центри има вкупно шест, главниот е во Кореја, а следните две по важност се Европа и во САД. Другите три се во Индија, Кина и Јапонија.

На ист проект можат да работат неколку од центри, ако тој има глобално значење. Големата цел на Hyundai останува пробив во премиум-сегментот, а компанијата се обидува да се развива во насока на прилагодување на автомобилите - нешто со што се гордеат повеќето луксузни брендови.
-Еве еден пример, во ix35 како опции се достапни стаклен покрив, три варијанти на ентериерот и огромен избор на фелни. Претходно Hyundai и Kia се создаваа во иста фабрика во Европа, што сериозно го ограничуваа избор на бои и други елементи. Затоа и одлучивме да ги разделиме брендовите во различни фабрики. Генералната персонализација е многу важна за нас и ние ќе продолжиме да работиме во таа насока, потенцира поранешниот дизајнер на BMW.

Бјуркл додава дека не гледа на својот колега Пiтер Шрejер како на конкурент. Двајцата работеле во исто време во Германија.
-Тој е одговорен за дизајнот на Kia, а јас на Hyundai и можам да кажам отворено дека дизајнерските студија на двете марки се развиваат целосно самостојно, потенцира Бјуркл, - Репутацијата на Hyundai се подобрува и продолжува да расте. Во минатото автомобилите ни беа едноставни и евтини. Сега тие се силно посакувани и тоа е благодарение на напорите на сите во компанијата. Имаме успеси, но не би бил Германец, ако премногу ги величам нашите достигнувања, за самиот врв и остварување на желбите не чека уште многу работа, вели Бјуркл.
http://avtoplus.mk/vesti/zanimlivosti/dizajnerot-na-bmw-shto-go-kreirashe-noviot-stil-na-hyundai-