Ај прилепчаниве да кажат некоја паметна,2009 година работев во автосалон од типот мултибренд,Сузуки,Сеат,Субару и Хундаи,имав чест да возам службено возило i30 и i20,поретко го возев и купето на Хундаи,најмногу i30-та,во Битола и во Прилеп организиравме промоции со тест возења,од кои најголем впечаток ми оставија битолчани,јас лично дента имав преку 30 тест возења и бев сведок на какви се тортури од различни карактери на возачи претрпуваше i30,за мое објективно мислење за тој модел тогаш,бидејќи новиот модел го немам возено,важи како квалитетно возило од сите аспекти гледано,единствено и порано зборев за тоа,мора да се тера во повисоки обртаи за да се извлечи мах. од моторот при што станува доста бучен моторот,квалитетот на ентериерот и подвозјето е рамо до рамо со останатите конкуренти во класата.Не се сомневам дека новиот модел е далеку подобар од стариот,ако има тест возење во Прилеп би сакал да го пробам и да се уверам лично во ова што се пишува по познатите списанија и тестовите од реномирани емисии.