„Кореа Ауто Трејд“ и „Хјундаи“ го покажаа, по којзнае кој пат, своето големо хумано срце, донирајќи дел од своите средства за децата со посебни потреби.

Од повеќето центри, „Кореа Ауто Трејд“ се одлучи за Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух - „Кочо Рацин” во Битола, бидејќи условите за учење, рехабилитација и живот на децата таму беа на најниско ниво. Во рамките на проектот реконструиран е дел од санитарните јазли, туш кабини и просторија за дневен престој, каде децата го поминуваат најголемиот дел од своето време.

Со овој гест во „Кореа Ауто Трејд“ се надеваат дека ќе ја поттикнат корпоративната општествена одговорност и кај останатите дистрибутери на возила, но и кај другите компании во Македонија. Инаку, оваа година импортерот на моделите на „Хјундаи“ планира да стартува со уште еден проект, надевајќи се дека и останатите ќе го следат овој хуман и благороден потег.
