Американците дефинитивно
лудуваат по Hyundai, но причината не се сокрива само во добрата маркетинг кампања на корејската марка туку и во понудата и квалитетот со кои заработува добри критики.

Компактниот седан Hyundai Elantra која неодамна премиерно беше претставена и на нашиот пазар ја доби наградата на ALG за „Најголема резидуална вредност на возилото” која всушност претставува проекција на вредноста на возилото на пазар по завршувањето на лизингот.
Тука Elantra покажува највисока вредност и затоа е прогласена и за „Најдобро возило во компактната класа” од страна на ALG Residual Value Award. Ескпертите на ова организација истакнуваат дека добрите резултатит на Elantra се должат
на реномето на марката на пазарот во САД, ефикасната стратегија за маркетинг и моќта и квалитетот на услуги на продажно сервисната мрежа.
Покрај Elantra и ix35 (Tucson во САД) се пласираше меѓу највредните 10 возила според индексот на задржување на вредноста при препродажба после пет години користење.
Овој индекс го одредува престижната агенција за рејтинг KBB - Kelly Blue Book. Списокот на најдобрите 10 следи, а индексот на задржување на вредноста при препродажба е изразен во проценти.
1. Jeep Wrangler 55%
2. Toyota FJ Cruiser 50%
3. Toyota Tacoma 49%
4. Hyundai ix35 (Tucson) 45,3%
5. Audi Q7 44,3%
6. Infinity FX 44%
7. Honda CR-V 43,5%
8. Lexus RX 43%
9. Nissan Frontier 42,8%
10. Chevrolet Camaro 42,2%
http://vozi.com.mk/vesti/hyundai-sobira-lovoriki-vo-sad.html------------------------------------------------------------