Хендлинг? Не, не би се согласил. Нагла промена на правец? Да, ама јас дури и би го дополнил - нагла промена на правец и враќање во истата лента на движење во претходно дефинирани дистанци.
Како и да е, мене (и да потенцирам -
мене) мус тест не ми е најважниот тест на светот. Да, релевантен е, секако - особено бидејќи параметрите (дистанците, брзините) се стандардизирани и дефинирани, и интересно е да се споредуваат возила по добиените резултати. Нешто слично на тестот за потрошувачка што го правиме.
На мус тестот огромно (дури можеби и најголемо) влијание имаат системите за стабилност, а разликите во тоа како автомобилот се однесува со нив и без нив се огромни. Ова станува уште покомплицирано со хибридни возила што комбинираат електромотор и бензински мотор - многу, многу потешко е софтверски да се испеглаат и да се координираат моторите.
Пример за тоа е RAV4. Прво имаше катастрофални резултати, па со среден софтвер за стабилност колата има многу, многу подобри резултати.
Дали ова значи дека РАВ4 има лош хендлинг? Секако дека не, особено во контекст на SUV. Дали резултатите на мус тестов на мене би влијаеле при одлуката да купам било која кола? Би размислил, секако, но уделот на резултатот во мојата одлука нема да биде голем.
--
Нагли промени на правец се екстремно тешки за било кое возило. Сепак нагло менуваш движење на 1.5+ тони маса, чиј единствен контакт со подлогата се тие 4 гуми. Дури и на стаза кога сме возеле, со професионални инструктори (повеќето тркачи) инструкциите биле - slow is smooth, smooth is fast. Односно, без нагли промени, без нагло изместување на тежината на возилото.