Денеска се вртев околу фиато,прва работа ми беше да ја подмачкам таа осовината за менувачот,т.е рачката на менувачот не ми се враќа сама на центар кога е во лер.
И така си почнав како во видеото од осмица шо го постираше,тие тефлонските гумици/пиксни не се распаднати,силиконска маст за подмачкување не најдов никаде,од маст имаше само онаа обичната грес маст и подмачкав со таа,резултати нема,веројатно сајлите треба да се чистат и подмачкат а тоа јас не се нафаќам.
Ја тргнав таа пластиката од моторот и забележав оти од ЕГР ми дише,веројатно од диктунгот е...и сеуште се мислам дали да го блокирам без да ми направе проблем.
Во меѓувреме си поиграв со дијагностиката,ми најде грешки кој делпхи кинеска и елм 327 wifi не можеа да ги прочитат,којзнае од кога се една за Мап,друга за Маф сензор и уште 2,сега ги избришав па ќе видам дали ќе се појават...
P0704-проблем со кумплуг прекидач.
P1555-наводно грешката настанувала кога истовремено ќе се притиснат коченица+гас.
P0235-Мап сензор.
P010F-Маф сензор.
Мапот и Мафот се чистени пред некое време сеа од кога ги избришав ќе видам дали ќе се појават,ако се појават нормално ке се заменат.
Sent from my VTR-L09 using Tapatalk