Автор Тема: Барам совет од правници  (Прочитано 12928 пати)

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Барам совет од правници
« на: 27 Декември 2017, 22:41:42 pm »
Ми треба помош за совет во врска со купен стан во градба. Форумот не е за оваа намена но сакам да слушнам ваши предлози како да се справам со проблемов.
Се работи за следново.
Станче од 46 квадратни метри двособно. Фирмата не би ја спомнал зошто не сум таков тип да плукам(а треба за да им отворам очи на другите).
Фирмата од која го купивме станот , со , до нас, доставената скица првична , врз основа на која они добиле право да градат, во нашиот стан на пролазот од кујна кон дневна е ДОДАДЕН СТОЛБ.
Тој столб е одвод(канализациски) и истиот ја нарушува функционалноста на станот поради неможноста заради истиот стуб, да си наместиме машина за садови во кујната.
Во преддоговорот нигде не стои член дека градежната фирма има право да врши промени во просторот на станот, без наше претходно известување и одобрување.
Исто така стои дека Ние како купувачи нсмееме да бараме измени кои би ја нарушиле функционалноста на зградата.
Оваа измена , со додадениот столб(во средина поминуваат цевки а однадвор е заграден со гипс картон), е направена поради тоа што господата (кои се роднинска врска со самиот газда на фирмата градител) посакале вц-то да им биде на друга локација од првично замислената па затоа , на наша штета преку нашиот стан е пуштен одвод.
Во преддоговорот стои член кој вели дека доколку не се вселиме во станот до 1март , фирмата Продавач ке треба да ни ги надоместува средствата за плаќање кирија.
Ке ве замолам , доколку знаете какви и кои се нашите права во ваков случај и како да постапиме ве молам за совет.
Ние , за жал, како совесни купувачи ја исплативме целата сума на станот уште пред да се вселиме.
Фала
Old Mazda's never die, they just get faster.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #1 на: 27 Декември 2017, 23:02:08 pm »
Од правен аспект незнам како да ти помогнам, ама мислам дека е фер да ја кажеш фирмата.

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #2 на: 27 Декември 2017, 23:08:37 pm »
Од правен аспект незнам како да ти помогнам, ама мислам дека е фер да ја кажеш фирмата.
Фабрика карпош , еве нека биде фер :)
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #3 на: 27 Декември 2017, 23:15:27 pm »
Ти пишав во ПП контакт да видам дали може да ти помогнам ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 406
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #4 на: 28 Декември 2017, 01:51:38 am »
Претпоставувам се работи за населба Александрија? Како ја доби апдејтираната скица со столбот во неа? Прашувам оти и јас имам уплатено стан кај нив, па да знам како да им побарам, да не ми напраат и на мене нешто вакво..... Во која зграда си?

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #5 на: 28 Декември 2017, 07:57:10 am »
Претпоставувам се работи за населба Александрија? Како ја доби апдејтираната скица со столбот во неа? Прашувам оти и јас имам уплатено стан кај нив, па да знам како да им побарам, да не ми напраат и на мене нешто вакво..... Во која зграда си?
Непостои апдејтирана скица, на лице место си апдејтираат столбови они ке идеш и ке видиш :D 6.3 зграда сум јас
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #6 на: 28 Декември 2017, 08:00:47 am »
Бидејќи во скицата/планот не постои, време е да се прифати реалноста, односно истите цевки да се исечат и затнат, па нека повелат роднините на газдата нека пливаат во гомна.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #7 на: 28 Декември 2017, 08:21:45 am »
@antibiotic1  Претпоставувам дека сте купиле стан во зграда во изградба. Ви покажале стан со некаква основа.
Зградата не е уште вселена.
Дали имаат направено технички прием?
Дали имаат геометри поминато да измерат фактичка состојба?

Ти си имаш договор за таа основа.

Ако се поминати геометри пред да ги додадат цевките, и тие од после ги додале, тогаш можиш да ги тужиш и тоа јако.
Ако не е се уште поминати геометрите за да направат фактичка состојба, тогаш пази се или заштити се некако правно оти можиш ти да го јадиш.

Иначе закани му се со адвокати. Нека прати адвокатото едно писмо до нив. Сега се уплашени еден куп фирми правеа манипулација со квадрати периодов па си изгубија на суд поштено.


Кој го интересира кои се тие фирми?
:)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #8 на: 28 Декември 2017, 09:00:58 am »
Па кои не се ;D

Во државава ништо не функционира ... а кога некој цел живот штедел и ќе отплаќа за кредити, мн е шит вака да го изиграат... нит градежна инспекција незнам колку помага, се се подмитува, затоа и предложеното решение погоре :)
Кога се големи пари во игра, најдобро е да не се ризикува, односно оди и купи си готов стан, бар знаеш што добиваш.

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #9 на: 28 Декември 2017, 09:15:30 am »
@antibiotic1  Претпоставувам дека сте купиле стан во зграда во изградба. Ви покажале стан со некаква основа.
Зградата не е уште вселена.
Дали имаат направено технички прием?
Дали имаат геометри поминато да измерат фактичка состојба?

Ти си имаш договор за таа основа.

Ако се поминати геометри пред да ги додадат цевките, и тие од после ги додале, тогаш можиш да ги тужиш и тоа јако.
Ако не е се уште поминати геометрите за да направат фактичка состојба, тогаш пази се или заштити се некако правно оти можиш ти да го јадиш.

Иначе закани му се со адвокати. Нека прати адвокатото едно писмо до нив. Сега се уплашени еден куп фирми правеа манипулација со квадрати периодов па си изгубија на суд поштено.


Кој го интересира кои се тие фирми?
:)

Кога купивме беше во изградба, на скица ни покажаа и на истат немаше таков додатен столб. Кога бевме кај инвеститорот ни вика - Абе бате заборавиле да го стават што да ти правам ....
Почнаа со вселување овие денови , до скоро немаше технички прием направено, А и фактичка состојба не е мерено.
Јас како што знам, неможе технички прием без мене да прават или грешам?
Решението на allmightyme ми е по ќејф и му се мислам уше од старт, чеп горе чеп доле нека плива коп*лето.
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #10 на: 28 Декември 2017, 09:22:19 am »
Викај си адвокат зошто вредноста на станот ти е бајаги намалена сега.

Да е во шпајз е едно, ама во дневна е сосема друго. Кога ќе го продаваш многу потешко ќе го продадеш со „столбов“.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #11 на: 28 Декември 2017, 09:39:24 am »
@antibiotic1 
Дали имаат направено технички прием?
Дали имаат геометри поминато да измерат фактичка состојба?

Ти си имаш договор за таа основа.

Иначе закани му се со адвокати. Нека прати адвокатото едно писмо до нив. Сега се уплашени еден куп фирми правеа манипулација со квадрати периодов па си изгубија на суд поштено.
Така некако.
Адвокатот ќе знае во склоп на писмото да ги напомене и надлежните јавни институции каде ќе биде пријавен проблемот.

Мада ако е веќе почнато со градба или изградено до некаде, тешко дека ќе се промени.
Во секој случај, на суд тепаш и ќе си бараш разни надоместоци па и друг стан ако не ти се допаѓа овој. Не знам колку ќе добиеш како надоместоци ама вреди да се потрудиш да го набилдаш случајот уште на старт со првото писмо пошто така сметам а и сум искусил дека се корегираат и воопшто не навлегуваат во судски спорови.

@antibiotic1
Ти си имаш договор за таа основа.

Ако се поминати геометри пред да ги додадат цевките, и тие од после ги додале, тогаш можиш да ги тужиш и тоа јако.
Ако не е се уште поминати геометрите за да направат фактичка состојба, тогаш пази се или заштити се некако правно оти можиш ти да го јадиш.
Ме интересира, како и во кој случај купувачот би го јадел?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #12 на: 28 Декември 2017, 09:49:20 am »
Технички прием го прави Инвеститорот заедно со Надзор и Изведувач. Можи да има и некој од Општина. Обично нема.

После тој технички прием се затвора проектот и се оди во катастар на поделување на имотни листови.


Е сега.....

Ако не е направен технички прием, проектот е уште во градба и можат да вметнат во проект што сакаат. Се прави проект „Измени во тек на градба“.
Во тој проект ако е вметнат тој „столб“  тогаш тоа е новата состојба и голема шанса да те заебат.

Ако го нема тој „столб“ во последниот проект (после мерење на геометри) тогаш тоа е дивогрдаба и можиш слободно да го тужиш инв/изведувач итн...

Гледај, заканувај се, прети, викај (море дери се таму).

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #13 на: 28 Декември 2017, 10:02:43 am »
Зашто цела сума однапред, без имотен лист само капар ...

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #14 на: 28 Декември 2017, 10:52:24 am »
...а, што убави станови ( стара градба ) има(в)м за продавање  ;D