Автор Тема: Барам совет од правници  (Прочитано 12918 пати)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #15 на: 28 Декември 2017, 13:15:37 pm »
Непостои апдејтирана скица, на лице место си апдејтираат столбови они ке идеш и ке видиш :D 6.3 зграда сум јас

Јас сум 6.1, во договор ми стои дека треба да го биде до мај месец. Ако не ти е проблем, пишувај на темава или во приватна порака кога ќе имаш апдејт на ситуацијава.

Узпут, ти дадоа да бираш плочки, паркет, било што?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #16 на: 28 Декември 2017, 16:28:13 pm »
Ако не е направен технички прием, проектот е уште во градба и можат да вметнат во проект што сакаат. Се прави проект „Измени во тек на градба“.
Во тој проект ако е вметнат тој „столб“  тогаш тоа е новата состојба и голема шанса да те заебат.
Сега е појасно, то ест стакло јасно. Терминот од кој ми обеле косата :)

Добро мајку му, нели он платил за таков и таков стан...?
Зошто да му биде одобрена промена во тек на градба без согласност од купецот на некој од становите?

Ако конкретниов член / купец не се согласи со техничкиот прием без разлика на регуларната промена во тек на градба?

Отсутен redkarenina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #17 на: 28 Декември 2017, 17:27:51 pm »
Не знам колку ќе ти помогне мојов совет но еве...  прво би ги нашла другите под тебе во вертикала и би ги известила дека и ним ќе им поминува одбод во дневна, што секако е крајно несанитарно (што утре ако протече во сред соба). Кога ќе го актуелизираш проблемот заедно сте посилни.
Второ, ова ми е од луѓе исто таму што купија. Становите требале да се готови до септември и за 3 месеци т. е.  до сеа да добијат технички прием кој мора да помине во опш.  Карпош. Јас и таму би се обратила со тоа што наслушнав дека брзаат со приемот оти се смени власта... договараа со Стевче, а сеа е сдсм... па мислат дека нема да поминат мазно.
Трето најди си адвокат,  од нивна страна не е испочитуван договорот, а и да заборавиле нешто вие не сте биле известени (замисли да сменеа квадратура отпосле). Би си барала ист таков стан да ми сменат без цевката.
Ако ништо од ова не упали секад може да им ја рушите цевката ... никој не може дома да ти влезе ако не дозволиш.
Секако не сте први со проблеми во Александрија... пријатели исто го платија цел сеа лом... прелепување плочки, нерамно, се тоа од брзање :(

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #18 на: 28 Декември 2017, 17:59:24 pm »
пријатели исто го платија цел сеа лом... прелепување плочки, нерамно, се тоа од брзање :(

Кажи ми, оваа санација на дефектите во станот финансиски е на терет на Фабрика Карпош или на терет на твоите пријатели? Оти ако е на терет на твоите пријатели, тоа ем не е ич убаво, ем ќе ме насекираш и мене, со оглед на тоа што дадов све што имам и немам за тој стан.

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #19 на: 28 Декември 2017, 18:19:49 pm »
@Sephiroth  Извини вака ама мај месец , како што тргнале овие невозможно. Минимум рачунај си од сега за една година. Овие двеве 6.3 и 6.4 требаше до август а сега е крај декември и уште не се готови 100%.
Јас го најдов комшијата под мене , ама мек на душа и ми рече дека, му кажале тоа неможе да се смени и он си кјути(бар такка јас знам,шо знам може му имаат понудено нешто , а не ми кажал).
Мојата следна мисла е:
-Прво допис од адвокат ке им испратам со текст да се отстрани столбот. Јас не целам и не идам со мисла да ќарам оштета поради нивнат грешка, туку да го добијам она кое сум си го купил со , а цел живот заштеден капитал на моите и плус подигнат кредит. Ние бевме еднаш и инвеститорот беше со зборовите - "Што да ти правам братче неможе да се тргне столбот, дај те молам видете некако средете се брзам за на состанок", е ова ужасно ме изнервира и ми идеше одма да му опнам тужба но на тој начин јас уште 1-2 години ке бев под кирија и сеуште без сопствен стан.
 -Втора опција доколку не прифатат да се отстрани столбот бидејки да речеме не е изводливо, за што мене ме боли к дали е изводливо или не, ке барам исплата на сета сума што сме ја уплатиле, плус законски затезна камата за периодот што парите биле на негова сметка, плус трошоци за нотар/адвокат да ми исплати.
-Трета опција е Тужба, со тоа што, се надевам дека членот што го имам во преддоговорот кој гласи дека доколку не се вселиме до 1-ви март ке ни плаќа надомест за кирија ке ни се најде за оваков развој на настаните.

@redkarenina  знам дека има многу неразочарани , али вака како комшијата под мене , ако се согласи и си прекути(пошо ми спомна го било страв да не остане и без стан и без пари , дека овие ббиле мн јака фирма) , така ништо нема да направат. По лошо лепење на плочки, ивици на ѕидови, глетување на ѕидови не сум видел. Можда дека беше ладно па на пијано работеле со ракија во крвта да не им студи :D
Old Mazda's never die, they just get faster.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #20 на: 28 Декември 2017, 19:13:09 pm »
Колку е еден квадрат таму и на која локација е таа населба.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #21 на: 28 Декември 2017, 19:50:28 pm »
Тоа е новата населба кај Ѓорче/Влае, позади бензиската на Лукоил. Квадрат мислам дека треба да е околу 750 евра +-. И мене ме интересира за цена, нека пишат дечките што имаат уплатено.

42.010434, 21.369899

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #22 на: 29 Декември 2017, 08:49:44 am »
Ако не е направен технички прием, проектот е уште во градба и можат да вметнат во проект што сакаат. Се прави проект „Измени во тек на градба“.
Во тој проект ако е вметнат тој „столб“  тогаш тоа е новата состојба и голема шанса да те заебат.
Сега е појасно, то ест стакло јасно. Терминот од кој ми обеле косата :)

Добро мајку му, нели он платил за таков и таков стан...?
Зошто да му биде одобрена промена во тек на градба без согласност од купецот на некој од становите?

Ако конкретниов член / купец не се согласи со техничкиот прием без разлика на регуларната промена во тек на градба?

Тие се тие фори што ги прават продавачите.
Толку знам.
Наредно правно лице би требало да знае како да се заштити.

Иначе совет до сите што купуваат стан во градба.
ОБАЗВЕЗНО!!!

Во договорот да си наведите ако се пробие рокот на вселување да ви исплаќаат кирија.

@antibiotic1 прати ми во пп слика од проектот, станот и ако можиш вцртај ја цевката.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #23 на: 29 Декември 2017, 09:40:17 am »
Направија ЕКО населба над земјиште кај што беше фабриката Карпош, којзнае колку е загадено земјиштето доле. Позади зградите има депонија по Лепенец улицата.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #24 на: 29 Декември 2017, 09:48:51 am »
Па ЕКО е тоа.
Се е рециклирано во новите објекти.
;)

Отсутен redkarenina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #25 на: 30 Декември 2017, 15:14:32 pm »
Девојката ми рече дека 3 паѕи кршеле плочки, мислам дека се тоа на сметка на инвеститорите. Многу ми е жал што немате слух и кај комшиите... ја не знам тие луѓе што мислат со канализациона цевка во сред соба :(

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #26 на: 31 Декември 2017, 00:40:29 am »
Зашто цела сума однапред, без имотен лист само капар ...

Е ајде де, не им доаѓа памет.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #27 на: 31 Декември 2017, 08:10:03 am »
зошто таков е системот кај нас,затоа.Ако не купиш стан во градба,после нема да има и пак те чека голгота од барање на друг стан.
У случајов може е друга цената на станот по м2 доколку го платиш одеднаш,кој знае.
Битно се градат станови на ангро,квалитетот е мизерен речиси секаде,и недостатоците најчесто треба станарите да си ги отклонуваат на свој трошок.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #28 на: 31 Декември 2017, 12:31:02 pm »
Ќе снема станови. Затоа мора да се купи што побрзо.

Отворече очи убабо, стан купувате. Најчесто со животна заштета.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Барам совет од правници
« Одговори #29 на: 31 Декември 2017, 20:49:11 pm »
За добра пара стално има стан.