UPDATE:
Бевме до таму со една и единствена цел за да видиме што има Инвеститорот да понуди, а таа цел беше, Да ни ги врати сите пари за 1 месец и да ни ги исплати нотарските и катастарските трошоци.
Прво несакаше да прифати за трошоците , но после кога му рековме дека тогаш ке треба да одиме на суд, свати дека сме озбилни и се согласи.
Вчера ми се јави со понуда да ни даде друг стан во зграда која ке биде готова за 7-8 месеци(кој му бил даден на компензациј на некој што работел таму, а овој со стубот да им го дал на нив), да ни плаќа кирија додека да се вселиме и да ни дадел попуст на гаражно место.
Јас одма му кажав ако даде гратис гаража, што на еден начин би ми дошло како оштета, и плус кирија да плаќа дур да се вселиме аферим ако не ништо од бизнисот.
Е сега, јас прво се двоумам дали 2ра шанса да им дадам што реално е голема грешка, а втора мисла ми е да разгледам следна недела други станчиња поблиску до центар, со квадратури од 45-50, па и да додадам 5000евра, ако е ,бар да биде поблиску, но само за готов и вселлив стан.
Ако бендисам некое станче ,Аеродром на пример, би било супер и би ми било план Б ,па следно идење кај него ако се соглаи за гратис гаража ок ако не, пара на сметка и друго станче подрака