Еве дојде ред конечно да си го представам моето ново градско возило. Станува збор за Шеви Спарк, популарно познат кај македонската популација како Muscule Car.
Се падна да биде бел, чиста случајност. И тоа од комшилук, така да можам да речам дека сум му и прв газда
Шеви е во многу добра општа состојба, со мали козметички оштетувања по браниците, кој можеби а и немора да бидат префарбани. Но сепак мислам дека ке бидат направени корекции од типот популарно наречени "На флека", и со самото тоа ке се доведат во завидно солидна кондиција.

Возилото е инаку задвижувано од 0,8 литарски агрегат кој испорачува неверојатни 52 коњски сили при вртежен момент од 6000 rpm и постигнува максимална брзина од 144 км/ч и аксцелерација од 0-100 км/ч за само 17,6 секунди.
Инаку торкот му е 69 Nm/4600rpm, ако воопшто ова претставува некаков си торк

Колата е инаку за првпат регистрирана во август 2008-ма година, односно е 2008-ма година и има поминато 42 000 километри.
Од опрема поседува:
1. Браници во боја на каросерија (бојата малку фали али ке надополниме "На флека" како што реков)
2. Серво управувач
3. Клима уред
4. Централно заклучување
5. Електрика на предни прозорци
6. Ербег
7. Радио со ЦД
Во количето сега за сега нема дополнителни вложувања. Единствено нешто кое што го заменив во претходниве денови се брисачите и ставени се ледови наместо сијалички за таблицата. Има направено редовен сервис после регистрацијата, има заменето плочки и има ганц нови зимски пневматици.
Инаку она на кое што ке поработам во иднина се следниве работи:
- Првично средување на фаровите бидејќи од напред се малку матирани, а мене тоа ме нервира.
- Промена на халогени сијалици со други зошто не ми прават кеф овие како светат, а исто така и позиционите сијалички.
- На пролет боже здравје затемнување
- Промена на цел аудио систем (не дека сега не звучи добро, но да не биде толку очајно

)
- Полирање комплет, а потоа и мало хемиско на седиштата, поточно на возачкото зошто само тоа е користено. Другото си е сосема добро.
- Бандавчиња и летни гуми.
- Магленки
Во глобала тоа е тоа. Се надевам дека нема да троши преку 10л на 100 км во градски услови на возење, ама ајде ке оставиме времето да покаже.
Еве слика две чисто да се има увид за што говориме




Здравје боже понатака ке има уште сликички.
р.ѕ. Голем поздрав до сите хејтери на спарк,
Да живи шеви

Инаку слободно прашајте, донирајте, донесете, дајте...
