Автор Тема: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic  (Прочитано 6997 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« на: 13 Декември 2017, 09:16:31 am »

За потребите на едно неодамнешно патување изнајмив Opel Mokka Х (Фејслифт) 1.4 Turbo со автоматски менувач.

Менувачот беше “од оние убавите” со двојна спојка и искрено незнам кое му е комерцијаното маркетинг име кај Опел.

Возилото го користев 6 дена и имав прилика да го експлоатирам во речиси сите типови на сообраќајни услови.

Доколку би можел да го го сумирам целокупното искуство во еден збор тоа ќе биде: Разочарување.

Зашто?

Моторот на хартија има 150 коњски сили добиени со турбо полнач. Во реалност тие коњски сили ги нема никаде.
Менувачот е многу лошо програмиран, степените за пренос ги менува со огромно задоцнување откако ќе се притисне педалата за гас.
Самото менување на степените на пренос е брзо, како што се очекува од менувач со двојна спојка, но логиката што ЕКУ-то ја има во себе е тотално лошо поставена.

При крузање со 100км/ч на автопат поставени на темпомат и обид да престигнам возило пред мене, ја притискам педалата за гас до подот.
Поминуваат 2 секунди пред менувачот да врати 2 степени подолу (екстремно споро според мене) и потоа следува гласно “БУУУУУУУУ” од моторот што не е проследено со никаков торк или забрзување, се додека вртежите не се качат над 4500. Потоа следи забрзувањето и тоа трае мноооогу долго.

Мое лично мислење е дека вртежите на моторот надвор од подрачјето на турбо полначот не се проследени со никаква моќ на погонските тркала. Има бука како кај секој атмосферски мотор од 1.4 литири и речиси идентично однесување. Тромаво до бескрај.

Ми се чини дека Опел не се потрудиле ама воопшто околу пресметката на моторот и преносниот систем. Едноставно му шибнале турбо на 1.4 атмосферец и го пуштиле моторот во продажба.

Имам возено многу возила со турбо бензински мотор и речиси сите типови на турбо бензинци од сите производители ми прошле низ раце. Вака лошо димензиониран мотор, менувач и турбо полнач нема никој освен Опел. Форд и Волксваген групација имаат совршени турбо бензинци кои во комбинација со PоwerShift и DSG менувачите секогаш ме оставале без здив.

Подвозјето на Opel Mokka X беше пристојно. Убаво ги пеглаше нерамнините, на отворен пат се однесуваше дисциплинирано како СУВ возило кое што има повисоко тежиште. Тука неможам да најдам никаква забелешка.

Кабината и завршната обработка се просечни. Користени се пиано финиш материјали за да се даде малку ексклузивност во внатрешниот амбиент, на централната конзола имаше убав голем дисплеј даваше малку хајтек ефект. Шалт таблата, вратите се обложени со меки материјали пријатни на допир, средишната конзола околу менувачот е направена од ефтина пластика. Сите врати на возилото се затвораа чудно, мораше да ги треснеш деспотски за да се затворат како што треба. За возило со 16.000 километри поминато ова е неприфатливо.








Во текот на возењето сосема неочекувано се јавуваше предупредувачки звук (титкање) од инструмент таблата кој што не беше проследен со никаква визуелна информација дека нешто не е во ред со возилото. Тоа се случуваше спорадично без никакво претходно дејство или опасност од било што. Во првите моменти помислував дека е некаков звук од мојот мобилен, но до самиот крај не успеав да утврдам што го предизвикуваше тоа.

Потрошувачка. Катастрофално голема.

За да го поткрепам зборот “Катастрофално” со факти ќе наведам дека истите дестинации што ги возев со ова возило ги имам претходно возено и со многу други возила со дизел и турбо бензински мотор. Со сите возила сум поминувал отприлика по 700 километри во просек, и сите ги имам возено во речиси исти услови на експлоатација и истите рути.

Ќе направам мала компарација на тие возила со ова за да добиете впечаток колку е ситуацијата катастрофална:

Ford Fiesta 7.5, 1.0 EcoBoost + Powershift      - 5.2 литри/100км
VW Golf 7  1.6 TDI                                        - 5.1 литри/100км
VW Golf 7 GTI                                              - 6.8 литри/100км
VW Golf 7 1.2 TSI                                         - 5.2 литри/100км
Skoda Rapid 1.6 TDI                                     - 5.3 литри/100км
Peugeot 2008 1.6 HDI                                   - 4.9 литри/100км
Ford Focus 1.0 Ecoboost                                - 5.3 литри/100км
Opel Mokka X 1.4 Turbo                            - 7.6 литри/100км


Мислам дека не е потребно повеќе никаков коментар. Бројките од горе зборат доволно.


Моја лична препорака е да не си ги трошите парите за Opel Mokka воопшто, па макар и да била со дизел мотор ако тоа треба да смени нешто на подобро.

Ќе си земам за право да ја употребам фразата што многу членови на форумов ја кажуваат со доза на сарказам за Опел: полупроизвод.
« Последно менување: 13 Декември 2017, 09:29:42 am zlatkoa »

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #1 на: 13 Декември 2017, 09:23:40 am »
Злате, воланов кај го претапацираше?

Едит: На пепељарава се гледаат штрафчињата... Абе злaтен VW

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #2 на: 13 Декември 2017, 09:25:38 am »
Злате, воланов кај го претапацираше?

Едит: На пепељарава се гледаат штрафчињата... Абе злaтен VW

Таков беше од фабрика искочен.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #3 на: 13 Декември 2017, 09:28:48 am »
истото ќе прашав
премногу згужвано изгледа

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #4 на: 13 Декември 2017, 09:30:05 am »
Тоа со воланот сакав и јас да го искоментирам.
Но очигледно е дека си хејтер на Опел, сега да видиме другите што ке кажат :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #5 на: 13 Декември 2017, 09:31:23 am »
Кабината и завршната обработка се просечни. Користени се пиано финиш материјали за да се даде малку ексклузивност во внатрешниот амбиент, на централната конзола имаше убав голем дисплеј даваше малку хајтек ефект филинг. Шалт таблата, вратите се обложени со меки материјали пријатни на допир, средишната конзола околу менувачот е направена од ефтина пластика.

Истиов впечаток го добив кога влегов во најновиот Grandland X. Не ми е јасно што прават, што мислат дека прават, и што планираат да прават...

Ако не, нека произведуваат само Астра и Инсигнија, другово нека баталат... Кога веќе не оди, нема потреба да се форсира.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #6 на: 13 Декември 2017, 09:33:11 am »
Опел пропаѓа тоа ми се допаѓа!!!

(возам тигра )

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #7 на: 13 Декември 2017, 09:35:07 am »
Сеа Миќо и Стратро кога ќе ти улетаат со клизачи, ама со висока нога (онака директ ко за црвен) ќе вииш убоо...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #8 на: 13 Декември 2017, 09:40:38 am »
Мока наааајверојатно ќе оди во пензија, бидејќи е базирана на GM платформа. Ќе останат Crossland X (Пежо 2008) и Grandland X (Пежо 3008/5008), ама со кабините од Opel. Како сето тоа ќе изгледа - не знам, не сум видел Grandland X во живо. Crossland X видовме на промоцијата на новата Insignia во Скопје и делуваше така.. Underwhelming.

Како и да е..

Мислам дека изгледот на воланот може да е само до сликите. На Моката што ние ја возевме на тест изгледаше сосем коректно.



Нејсе.. Пијано блек моментите на ниту една кола не ми изгледаат убаво. Наместо да изгледа колата поскапо и попремиумски, мене ми изгледа многу поевтино, покинеско. :/

За менувачот.. Не знам, немам посебен коментар. Можеби е со дабл-клач (не ми текнува каков беше кај нашата на тест, иако и таа беше со аутоматик), ама не памтам такво каснење. Скоро сум убеден дека е до калибрацијата на софтверот, а не до самиот менувач - бидејќи, како што кажува Златко - кога менува брзини, си ги менува како што треба - ама две секунди размислување во денeшно време, за дабл-клач менувач се недозволиви.

Потрошувачката е таква баш заради лошо-калибрираниот менувач.

Благодариме за освртот! :)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #9 на: 13 Декември 2017, 09:44:18 am »
Зеро, ова што ти си го постирал не знам колку е старо т.е. извозено, гледај му го седиштено, пропаднато од страна, за кој квалитет да збориме понатаму

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #10 на: 13 Декември 2017, 09:45:11 am »
Tипичен Опел
Зато никогаш повеќе не би купил

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #11 на: 13 Декември 2017, 09:46:08 am »
Зеро, ова што ти си го постирал не знам колку е старо т.е. извозено, гледај му го седиштено, пропаднато од страна, за кој квалитет да збориме понатаму

Ах, да, беше тест-возило на Олимпиа Моторс, имаше околу 30-тина илјади поминато колку што ми текнува. Сеа кога загледав и јас, да, набрано е седиштето.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #12 на: 13 Декември 2017, 09:48:39 am »
Мислам дека изгледот на воланот може да е само до сликите. На Моката што ние ја возевме на тест изгледаше сосем коректно.

И на прошлата Инсигнија си беше океј воланот, кизнај шо е со овој...



Немам слика од возачкото седиште, ама и тоа не беше ни пропаднато, ни бутур...

Колата имаше скоро 175000 кога ја земавме.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #13 на: 13 Декември 2017, 09:49:33 am »
И јас возев вакво во Германија рентакар, ужас. Само имаше рачен менувач.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Rent-a-test: Opel Mokka X 1.4Turbo Automatic
« Одговори #14 на: 13 Декември 2017, 09:59:52 am »
Ми се допаѓа.

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!