Ќе се дрзнам да улетам и јас во муабетот.
За 40.000 најверојатно не би земал половна кола. Или мооооооожеби половна кола до година дена стара, со валидна гаранција и одржување во официјален сервис.
Ама многу пореално - ако веќе ми треба возило за патување - би одбрал некаков седан. Никаков SUпуV, никакви глупости. Не би ми сметало ни Пасатче, ни 508, ни Мондевце, а би ѕирнал и Џулија и А4 и Ц-Класа.. Глеам Ц220 ЦДИ е 42.000 во Мак Аутостар, односно C300h е 48.000 (над буџет, секако, ама сите фино знаеме како функционираат цени во каталог и цени во салон кај нас...)
Никакви комбиња, никакви џипови, никакви шије-ми-га-џура глупости.