Имав прилика да го повозам белиот 2.2crdi Stinger...Па еве ги моите 2 дени:
Вожња...ни многу стегната ни многу мека, се осеќаат поголеми дупки со 18ки и се навалува во кривини малку повеќе односно се осеќа тежината...иначе стабилна и рафинирана на брзини до 170км/ч. над тоа почнува галама (импресивно).
Управување = има голема разлика во тежината на сервото при мали и големи брзини/многу осетливо...а на повисоки брзини не е баш прецизно, цело време ги гаѓав лентите со ситни корекции...круг на вртење импресивно мал.
Погон 4wd = јбг нема шлајфки/дрифтои.
Опрема = Све што на некој реално би му потребало има, не пробав скоро ништо освен вентилирани седишта и адаптив драјв или како и да се вика тоа со модовите comfort/sport.
Мотор = бездушен со чкарт вештачки звук, огромна турбо дупка на почеток, краткотраен вртежен момент и после 4к обртаи све паѓа у вода.
Мењач = мазен, релативно брз, нервира што не дава целосна контрола, по кратко време сам ќе си смени во повисока брзина.
Кочници = Ок...типично подесени како за секоја Кia/Hyundai првично преосетлива и остатокот патот на педалата треба да се нагази убаво, но лесно се справува со тежината.
Ентериер = напред просторна и удобна, позади не баш, двајца седат во пристоен комфор, но ако се повисоки од 180 главата допира горе и колената допираат во предните седишта ако напред седи некој 180 или повисок, багажник солиден...ергономија одлична.
Прегледност = позади 0, мртов агол 0, напред и странично ок.
Екстериер = мене лично ми се допаѓа
Целокупен впечаток = Интересно ауто, удобно, тивко, пуно опрема, фенси дизајн, квалитетни материјали и изработка, солидно GT. Не би можел да дадам финална оцена заради моторот и погонот...ама мислам дека е одличен прв обид на Киа во овој сегмент...секоја чест.
Побарав понуда за (според мене) идеалната изведба: 2.0 T-GDi заден погон, основен пакет опрема ADVANCE + доплата за LSD + сончев кров + керамик сива, на ова ми додале некои безбедносни системи што никад нема да ги употребам (Адаптивен темпомат, Систем за автономно сопирање, Систем за одржување на возилото во лента) = и понудата гласи 37к (на сајтот е 38.000 без додатоциве мои и нивни).
Да е 35к а мислам дека е возможно да се стигне до таа цена (повикај пријател/компензација..итд)...би било ЕКСТРЕМНО ДОБРА ПОНУДА, најмногу затоа што се добива 7год гаранција и комплетно опремено “УНИКАТ“ возило со заден погон доволно моќ и fucking фабричко LSD...BMW 4ка ГТ со слична опрема и мотор преку 50к ќе фати и пак ќе биде без LSD.