Не знам дали пости некое кое го немам пробано. Не Сонакс, не Ренко, не овие нашиве сите можни и неможни, не Вурт не не знам какви.
Дечко што работи на Лукоил во Велес веќе на секое одење ме праша сега какво ќе пробаме???
Генерален заклучок - НИЕДНО НЕ ЧИСТИ ОД МУШИЧКИ - СЕ Е ЛАГА !
Најдобро ми се покажа еден Сонакс со плава боја, во шише со дозер кое се разредуваше со вода, но тоа е летна варијанта а и е доста скапо.
Чистеше убаво (не и мушичките) без да остава флеки а и мирисаше многу убаво.
А што се однесува до зимска варијанта, мене не ми се случило да ми замрзне никогаш.