Автор Тема: Дијагностика и решавање кварови од форумаши  (Прочитано 1838 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #15 на: 22 Ноември 2022, 09:19:03 am »
Како играат обртаите очигледно е дека компјутерот компензира постојано нешто и тоа во правилни интервали. Тоа значи дека некој сензор заебава и дава погрешни вредности.

Ако е „механички“ проблем во смисла нешто скинато, нема да работи рамномерно вака да ги крева обртаите.

Барем така мислам.

Убаво е ова Луки што спомна.

Следи ја листатa од почеток.

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #16 на: 22 Ноември 2022, 09:46:13 am »
https://www.veed.io/view/dd5e84b3-325a-4007-8d6b-830fd923e357?sharingWidget=true&panel=share

https://www.veed.io/view/d09ab954-9088-4d9a-80e9-fc63e202c94f?sharingWidget=true&panel=share
Се работи за Ауди А6 6-цилиндри чист бензин 150кс од 1996година.Менувано свеќици,каблови,клаплна со степ моторче,сензор за усисен воздух,ламбда сонда и копмплет кит водена пумпа со каиши и ролери...Симптоми-на мала гас сецка или наеднаш прекинува и силно прекинува подрипнува што е незгодно кога возеш(струја или бензин) како да гаси во секунда и продолжува да оди.Нема проблем на повисока брзина или степен на бризна.Едноставно не може да се вози контуинирано да речеме 10мк на час,подрипнува и како да сака да гаси.Проверено на дијагностика и носено кај неколку мајстори но дефектот остана..Мислење од форумаши...

Проблемот излгеда доста чудно. Ова се нештата што јас би ги проверил.

- Прво, проверка на акумулатор дали сите ќелии се во ред, дали има доволно струја (особено на поладно) за да може да ги храни сите електропотрошувачи (електромоторчињата на клапната, бензинските пумпи).
- Второ, ресет на клапна и степ моторче. Ја палиш колата, вадиш кабелот од клапната/моторчето и оставаш да работи околу минута две така во место. Гасиш, уштекуваш  каблите, палиш, возиш 50-100км да се адаптира моторчето на твојот стил на возење.
- Трето, проверка дали при менувањето на сите овие работи од некаде влегува паразитен воздух. Атмо бензин треба добро да е затегнат од секаде и кога всисува воздух ако влегува од некаде паразитен воздух ќе си прави шашми со вртежите.
- Четврто, проверка на вентилот/цревата за картерна вентилација. Овој мотор е барем 20-25 години стар и маслените пареи од картерот ги разјадуваат/распукнуваат цревата кои водат од вентилот до усисната грана
- Петто, проверка во каква состојба ти се катализаторите. Има два (в6 мотор). Тие се со керамички рамки/компоненти  + платина и ако се распаднати внатре или се затнуваат или ги исчурува низ ауспух и има разлика во притисоци на левата и десната страна.
- Шесто, ќе почнеш пак со откачување/менување делови по воздухот, струјата, издувот за да видиш кој од овие три те дупчи во здрав мозок.
дали ова што наброја на дијагностика се покажува?Гледана е два-три пати на дијагностика и неможат да влезат во моторниот компјутер има код со што неможат да видат дали некој сензор е откажан или нешто друго(гледано во аутоконтрол-Прилеп,Деан од Битола и неколку други приватни мајстори дијагностичари).

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #17 на: 22 Ноември 2022, 09:50:36 am »
Поминав низ слично срање со нова кола под гаранција.

Првенствено проблемот беше со варирање на вртежи во лер, преку гасење, па се до додавање гас во возење само од себе, и уште неколку други.
Некогаш покажуваше проблем на дијагностика, но почесто ништо.
Со ресетирање понекогаш се оправаше на подолго
време, понекогаш за само неколку километри. Истото се случуваше и со промена на одредени делови посочени од дијагностиката, или онака по логика во случаите без дијагностициран проблем, така и компјутерот беше заменет поради немање соодветно решение.
На крај сосема случајно се откри дека зеза врзоп од кабли на електрична инсталација од мотор до компјутер.

Лесно е со кола под гаранција, освен по некој нерв и време џебот не е на удар :)

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #18 на: 22 Ноември 2022, 09:52:32 am »
Како играат обртаите очигледно е дека компјутерот компензира постојано нешто и тоа во правилни интервали. Тоа значи дека некој сензор заебава и дава погрешни вредности.

Ако е „механички“ проблем во смисла нешто скинато, нема да работи рамномерно вака да ги крева обртаите.

Барем така мислам.

Убаво е ова Луки што спомна.

Следи ја листатa од почеток.
мислам дека е некоја ситна заебанција и прави проблем но треба вистинскиот мајстор да ја прегледа ...ама кој?Се мислам да одам во сервисен центар КОП во Скопје.

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #19 на: 22 Ноември 2022, 09:56:04 am »
Поминав низ слично срање со нова кола под гаранција.

Првенствено проблемот беше со варирање на вртежи во лер, преку гасење, па се до додавање гас во возење само од себе, и уште неколку други.
Некогаш покажуваше проблем на дијагностика, но почесто ништо.
Со ресетирање понекогаш се оправаше на подолго
време, понекогаш за само неколку километри. Истото се случуваше и со промена на одредени делови посочени од дијагностиката, или онака по логика во случаите без дијагностициран проблем, така и компјутерот беше заменет поради немање соодветно решение.
На крај сосема случајно се откри дека зеза врзоп од кабли на електрична инсталација од мотор до компјутер.

Лесно е со кола под гаранција, освен по некој нерв и време џебот не е на удар :)
слични се проблемите ако не и исти и можно е да истиот проблем..проблем е вистинскиот мајстор

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #20 на: 22 Ноември 2022, 10:13:21 am »
...

Nisto od toa ne se fakja na dijagnostika. Se od toa treba da se proveri na raka i so malku kliker. A toa dali ima na mali i golemi brzini na dvizenje ili na motor, najgolem problem ima koga ja ostavas vo ler, menuvas brzina, otpustas gas... So drugi zborovi koga treba razlicnite sistemi da reguliraat kolku gorivo treba da vbrizguva za taa kolicina vozduh shto ja prima preku usisot soodvestveno pod koj napor e motorot.

Tie raboti ne moze nikoj da ti gi fati na dijagnostika, zatoa shto ne site parametri mozes da gi fatis preku senzor i koi se operativnite intervali na tie senzori.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #21 на: 22 Ноември 2022, 10:41:54 am »
...

Nisto od toa ne se fakja na dijagnostika. Se od toa treba da se proveri na raka i so malku kliker. A toa dali ima na mali i golemi brzini na dvizenje ili na motor, najgolem problem ima koga ja ostavas vo ler, menuvas brzina, otpustas gas... So drugi zborovi koga treba razlicnite sistemi da reguliraat kolku gorivo treba da vbrizguva za taa kolicina vozduh shto ja prima preku usisot soodvestveno pod koj napor e motorot.

Tie raboti ne moze nikoj da ti gi fati na dijagnostika, zatoa shto ne site parametri mozes da gi fatis preku senzor i koi se operativnite intervali na tie senzori.
мислам дека тоа е тоа...посочи некој мајстор каде да ја носам

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #22 на: 22 Ноември 2022, 11:12:04 am »
https://goo.gl/maps/XKB5kHW7yXNU57537  Не знам дали овај е Дејан?


https://www.aliexpress.com/item/32818871064.html

Ваков адаптер треба да ги чита грешките.

Како што претпоставував OBD1 е.

https://erwinsalarda.com/audi-obd1-1991-1996-idiot-light-diagnostic-guide-without-obd-scanner/  имаш и ваква опција со LED да читаш грешки, ако си кадарен пробај.

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #23 на: 22 Ноември 2022, 11:39:56 am »
https://goo.gl/maps/XKB5kHW7yXNU57537  Не знам дали овај е Дејан?


https://www.aliexpress.com/item/32818871064.html

Ваков адаптер треба да ги чита грешките.

Како што претпоставував OBD1 е.

https://erwinsalarda.com/audi-obd1-1991-1996-idiot-light-diagnostic-guide-without-obd-scanner/  имаш и ваква опција со LED да читаш грешки, ако си кадарен пробај.
да,тој кабел е и јас си го купив затоа што повеќето мајстори го немаат затоа што е застарено.Еве и за Деан,многу фин дечко дојде лично со веспа и пробуваше доста со лап-топ и влегуваше во системот..но неможеше да влезе во моторниот компјутер затоа што има некој код-заштита за да отчита моторните сензори.Инаку абс,аирбег,аларм и се друго што можеше да види е во ред...единствено имаше сомнение во вакум цревата и рече да побарам мајстор затоа што тој само врши дијагностика.https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3448221
ми останува опцијата сервис центар КОП..ми стоат некако сериозни а ги има и на ТВ.Во старт Д.Капија не пронајдоа ништо.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #24 на: 22 Ноември 2022, 22:49:58 pm »
Шитни го моторот стави си TDI ко чоек 😅😅😅