Гледам пак забегавте со муабетите...и јас сакам да возам 1.9 турбо модифицирана тојота супра, некоја бесна субару имреза ама не ми држи новчаникот толку, остај тоа и да иам толку кеш пак ке се думам што да земам...хехе
него, клиото ке биде, па што биде нека биде...и мене не ми се допаѓа мотор од 900кубици ама тоа е за тие пари, него ај сега да видиме дали некој знае дали такво стандард количе може да го ставам на компјутер и да го направам малку подобро? а кој ја зборуваше тојотата, таа брзо испадна од трка, тојота салонот беше бљак, никој ништо не ме праша, а и немаат коли на лагер
и еве дека многу сакате за коли да зборувате, ги имате моите 11000, 10800 е нели клиото, кеш....што купувате на старо? Не џипови и СУВ, кола мора да е...Ја иам фобија од стари коли, ич не ми е пријатно да одам да дадам пример 8000 на стара кола, 3000-4000 би дал за нешто да ме вози натаму наваму , ама за нагоре никако не ми иде со стара кола, едно време мислев од Јапан да донесам, тие ги модифицираат до даска нивните многу се интересни и не се скапи, добри коли, но таму школката е пицикато, а моторот не се знае....