Автор Тема: Кое ново возило до 10500евра?  (Прочитано 60359 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #210 на: 12 Февруари 2020, 07:50:00 am »
ја полека полека ги провозив сите што ме интересираа, ми остана Типото ама тоа отпадна од игра дека не барам веќе максимум за парите, барам количе што ке измами насмевка коа ке влезеш, тоа ми е девизата инаку не играм  :) Затоа Спејс Старот беше во игра толку време , го возев никаквото, па ја возев старата верзија со појакиот мотор и беше многу занимливо, ја возев киата рио, која иде на девиза макс за тие пари, ама филинг јок
А муабетов тука е за поддршка нели, не купувам секој ден кола, и ми требаше некое време да се стаам у филм, да ги научам сите воа ноа, не штети мислење друго нели
Па пиши што све си извозел и впечатоци за и против :)
На крај, види смогни некако сили за Свифтот, гледам доста се возицкаат низ градот.

Мене лично ми е најбитно кај колата да има клима, среден потпирач за рака, да најдам угодна позиција при сместувањето зад волан. Ако тоа не ми е погодено веќе не размислувам за таа кола макар ми дале 50% попуст.

Што се однесува до коли на старо не ме загрижува толку рикање на мотор колку потенцијални и тешки за детекција проблеми. Ми се случи на нова кола, среќа во гарантен рок :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #211 на: 12 Февруари 2020, 08:09:41 am »
За 10 бона, кога веќе има ново, да не ја земам најискубената верзија, јас би зел демо возило или од друг човек со максимум 1-1.5 година старост и макс 15-20000км.

Ми нема логика да земам 5 години старо возило со 50000км и веќе да му ја мислам кога да менувам каиши, и дали да менувам водна или не и кај кој мајстор да ја носам. Можи ќе тера до миљон таа, ама за толку пари јас само за масло и филтри сакам 5 години да му се секирам.

И за 90% низ град гледај само бензин, дизел е глупаво.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #212 на: 12 Февруари 2020, 08:26:33 am »
Еве едно видео со заебанции додека се открие каде ровари Гремлинот ;D


На Југо имаше да смениш 5 работи околу моторот и имаш нова кола ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #213 на: 12 Февруари 2020, 08:56:38 am »
Зошто би се мислел, кога секоја компонента си има сервисен интервал. Кога Антифриз, кога линиски, кога филтери, кога масло, кога ребраст (ако има). Не е некоја наука. Отвараш книга и гледаш....
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #214 на: 12 Февруари 2020, 09:50:32 am »
Така де, за гледање е лесно, да се направи е тешко, :D
да не навлегувам во детали, само мое мислење дадов дека праша човекот. 

Тој најубаво си знае за него. Некој 320-ка ќе си земи од 2010-та, пример.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #215 на: 12 Февруари 2020, 10:45:43 am »
Успат ми беше Миркат и отидов да го ѕирнам Свифтот во живо.
Да имав време ќе побарав и тест возење.

Можам да кажам дека е убаво стокмено за возење во урбана средина.
Малку повисоко седење допринесува за лесно седнување и станување.
Убав простор на задна клупа, фин гепек, среден наслон нема, но имало во дополнителна опрема.
Верувам дека во сервисот ќе имаат помалку гужва во однос на тековните одржувања.
Кај Рено е хаос :)

Клиото внатре ми е поклаустрофобично, можеби има нешто плус од опрема...

ПС
Прееска возејки 30минути се разминав со 4 Свифта, што статистички и не е малку.
Тоа ме води до заклучок дека сепак цената му е конкуретна :)

@sceletone, иди извози го Свифтот, ништо страшно нема во тоа да побараш тест возење, сврти го и на обиколница. Можеби ќе се пронајдеш во него согласно твоите потреби за возило.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #216 на: 12 Февруари 2020, 11:20:41 am »
Или свифт е the second coming of голф 2, или, изражавам бојазан, дека некој има одреден интерес да се продава па макар и на форум.

Sent from my Redmi


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #217 на: 12 Февруари 2020, 11:38:50 am »
Колата си е супер, не ми е до тие 2% што ги зимам како провизија, него стварно е квалитетно склопена.

И Игнисот ме изненади со простор внатре, само ако може да го паркираш со гепекот до ѕид цело време е прифатлифо возило.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #218 на: 12 Февруари 2020, 11:45:54 am »
Колата си е супер, не ми е до тие 2% што ги зимам како провизија, него стварно е квалитетно склопена.

И Игнисот ме изненади со простор внатре, само ако може да го паркираш со гепекот до ѕид цело време е прифатлифо возило.
Кај игнисот не носат од првото ниво на опрема и автоматски доаѓа 12500 цената. А на свифтот основна е 11500, а стокмена е 12500. Верувал или не - Свифот излегува поефтин од Игнис како „основна“ верзија. И секако да не заборавиме - излегува и каде каде подобар. :)

Отсутен sceletone

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #219 на: 12 Февруари 2020, 13:45:56 pm »
чим толку за свифтот, тој признавам дека ми се допаѓа, но ке го гледам посериозно кога за 11500 ке има или бандажи или боја....тогаш ќе биде во конкуренција со Риото, и сигурно ќе се продадат еден тон...дотогаш тнка работа...
Инаку во право си, еден куп свивтови се изнагледав низ скопје, од друга страна еден куп Ц3 има сега исто, како секоја 3та да е Ц3 ама мене освен што однадвор изгледа добро не ми се допаѓа баш (мењачот е хорор, као на оние количките на далечинско, или рачка од флипери хахахаха)
Сета логика за свифтот е ок, но во моментов клио е бр.1 рио бр.2 свифт бр.3
Клио доага со темпомат и бандажи 16ки алуминиумски, и убави се, и дил на бојата ке ми дадат, повеќе од 11100-200 нема да биде, до 11500 иам да купам и резервно тркало, и уште некој тракатанец
Риото е 11500 сосе боја, но без бандажи
свифтот ни боја ни бандажи за тие пари
и да ги знам сите разлики меѓу овие 3, мотор, дискови, прозори и хибриди...но во моментов бандажи и боја се одлучувачки

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #220 на: 12 Февруари 2020, 13:56:39 pm »
А свифт?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #221 на: 12 Февруари 2020, 14:01:17 pm »
Ете гледаш, полека дојдовме до одлучувачките фактори при изборот на возило.
Уште да имаат тест возило од Клиото за да увидиш дали ќе ти биде ок моторчето и завршена работа :)

Отсутен sceletone

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #222 на: 12 Февруари 2020, 14:36:58 pm »
еве се јави тетката, ми нашла возило за тест, сега ќе одам да го видам  ;D ;D ;D

Отсутен sceletone

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #223 на: 12 Февруари 2020, 18:48:33 pm »
и така не сум баш задоволен од клиото, да брчи турбото после некое време, ама не е стегнато како што мислев, и ме нервира дисплејот што е издаден, како да моли некој да го фати да го откорне....после тоа имав време да тркнам, бев до киа салонот, влегов пак во риото, многу постегнато ми делуваше, мислам дека ќе се мрднам ако чекам до април, сто пати ќе се премислам, киата има на лагер баш каква сакам....би сакал да ве прашам дали мислите дека тоа што риото не е на каиш туку со синџир на мотор менува нешто? јас гледав на интернет има и за и против за синџир , што мислите вие?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер