Здраво пак, гледам голема дискусија се развила со мојот space star, но да се вратиме на моето прашање и новостите што ги дознав.
Се согласувам дека е тотал шит Старот у основната варијанта, ме занимаше варијантата со 1,2 мотор и другите тракатанци, што се мислам солидни за таа цена. Од Киа рио полека се откажувам, ми се допаѓа ама нешто нема во колата, ја возев и не реагираше баш добро, со тоа моторче за 11400 . Е сега минатата недела случајно отидов во Рено со стариот да ги види Дачиите, и случајно разбрав дека тетката таму има понуда за Рено Клио 4 генерација, значи не најновото, тоа 2019 за 10800 и тоа многу почна да ме бендисува.
После прегледување на сите можности, прашањето ми е следно:
Спејс старот е мало количе и ми доаѓа со 1,2 мотор атмосферец - што логички значи дека треба многу побрзо да реагира низ град
Рено клио има мотор од 899цц што ми е малку смешно, но доаѓа со турбо за да постигне, башка опремата
Гледано стриктно од аспект на мотор кој е подобар овој на Старот што е 1,2 или овој на Клио со турбото - разликата е 400 евра
Ова со моторите е последното што ме мачи, инаку горе доле иста опрема, Клиото има поголеми алуминиумски бандаши, ама цената е за бело, значи немам боја, +600-700е е друга боја (неверојатно) додека Старот има и боја и бандаши (помали додуша) и опрема иста....не заборавајте изборот е за кола 90% во град што ке се вози, 10% до гевгелија, викендица, Солун бла бла
Свифтот е надвор од опсег џабе го зборите, и задницата не ми се допаѓа баш...
Типото освен што е поголемо и има 1,4 мотор, друго се е тапа, а и го немаат во салон...