Автор Тема: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура  (Прочитано 5368 пати)

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
...температурата на стрелка на шал табла вообичаено е "бетон" на 90, а во последно време варира од 70 до 90 степени ( на уздолница паѓа, а на узгорница или при нормално возење на автопат си е 90 ). Сменет нов термостат и повторно исто. Што му е ?

Гледам низ темиве е дискутирано од @Carpathian Lord , @n1kola , @FiLo
@bramovsk , @ficomk  , @onak , @Bumb , @zlatkoa

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3241
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #1 на: 16 Октомври 2017, 10:09:49 am »
...температурата на стрелка на шал табла вообичаено е "бетон" на 90, а во последно време варира од 70 до 90 степени ( на уздолница паѓа, а на узгорница или при нормално возење на автопат си е 90 ). Сменет нов термостат и повторно исто. Што му е ?

Гледам низ темиве е дискутирано од @Carpathian Lord , @n1kola , @FiLo
@bramovsk , @ficomk  , @onak , @Bumb , @zlatkoa

Сензорот за температура на разладна течност ти е изгледа пред умирање.
Можно е да има нафатено коризија на него и да треба да го зачистиш, во најлош случај можно е да дава глупави вредности и стрелката на шалт табла да ти игра без врска.

Колку што ме држи сеќавањето ВФ имаат некоја зафркната финта, стрелката за температура на разладна течност да ја "бетонираат" на 90 степени иако во реалност температурата знае да варира 10 степени горе или долу. Во твојов случај алгоритмот за "бетонирање" на стрелката на 90 е нарушен затоа што сензорот дава вредности без врска, и стрелката ти игра на шалт табла.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #2 на: 16 Октомври 2017, 10:16:23 am »
Зелен ти е сензорот или црн. Црните ги менуваа за зелени.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #3 на: 16 Октомври 2017, 11:01:48 am »
Дедото има Голф 4 1.6 SR и знам дека откако смена добар антифриз сите проблеми му се решија со разладниот систем. Купи некој поскап антифриз.

Процедурално, сите коли со аналоген покажувач покажуваат 90 степени иако температурата може да се покачи реално на 100 степени, дури и 105.

И обратно, можно да е 80 степени а да покажува 90.

Кај мене на BMW-то, на автопат го возев, (нели немам покажувач на температура и морам на борд да го селектирам) и не крена над 85 степени.

Градска пред некоја недела, кога беа последните жештини, крена 95 степени.


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #4 на: 16 Октомври 2017, 12:38:24 pm »
Кај мене на фелицијата стрелката знае да стои пример точно на средната црта и кога пуштам светла, се качува за 1 мм, па пуштам парно, пак оди 1 мм нагоре, па греач на задно стакло 1 мм и на крај ќе се упали перката и таа ќе ми ја качи 1 мм и оп за 5 секунди од 90, веќе имам преку 100 степени температура според стрекла :D И потоа ќе ги изгасам потрошачиве, паѓа надоле стрелката.
Перката ми се уклучува на 88 степени, а се гаси на 83 (тоа се ознаките на термопрекидачот кај ладилникот) и тоа перката не ми работи подолго од 1 минута

Се откажав искрено да го решавам проблемот бидејки пробав со неколку сензори што праќаат сигнал до стрелката, не се смени ништо, го исчистив мојот, пак ништо, таблата со осигурачи ме зезаше, губев струја по цела кола, ајде ја сменив и неа, втората ја очистив, притегнав конмтактите, сега работи цела струја на колата, али и понатаму нема промена кај стрелкава. Чистев контакти на шасија, кабелот од минус клема на акумулатор што иде на шасија, имаше корозија, пак ништо.
Едино што ми преостанало е да вадам шалт табла и да пробам со друга стрелка.

Еве и случка ке ти кажам. Летово возам по нагорнината по Припор, ама гужва беше, колона и сите возиме 30-35 км/ч, гледам сказалкава во положба на нешто над 110 степени. Застанав, отворив хауба, полека го отворам казанчето за антифриз, ништо, антифризот мирен, нема меури, не го избива, а реално над 110 треба да даде првични знаци на избивање.

Затоа само грубо ја гледам стрелката и знам во кој момент ми отвора термостатот, од ладен мотор го запалив и го опипував најгорното црево, кога тоа стана топло значи тогаш отвора термостатот, ја заприметив таа положба како и положбата кога ми се пали перката (иако понекогаш знае и малку подоле да биде стреклата кога ми отвора термостатот или кога перката ми се пали)

Во Кисела вода има еден сервис за шкода кај што бев, и кога сказалката ми беше во позиција некаде на 100 степени (на оваа положба на стрелка ми се пали перка), ми измери со ласерски мерач на температура грубо од 89-90 степени кога се пали перката и потоа паѓа до 85 степени кај термостатот во моментот кога и перката ми се гаси (што во глобала се поклопува според ознаките на термопрекидачот)
« Последно менување: 16 Октомври 2017, 12:43:45 pm FiLo »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #5 на: 16 Октомври 2017, 13:16:23 pm »
Изгледа не ти отчитува шалт таблата добро. Смени ја со друга. Некогаш ако имаш вистински проблем, ќе претпоставуваш дека е овој стандардниот проблем.

Барем на Фелиција е ефтино. Ќе ја најдеш цела комплетна за 1000ка преку сила.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #6 на: 16 Октомври 2017, 14:38:29 pm »
Па да здравје боже понатаму ке ја сменам пошто мојата е со саат, а сакам да имам обртометар. И сите делови од неа се вадат, може посебно да се извади стрелката за гориво, за температура, километража и обртометар/саат.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #7 на: 17 Октомври 2017, 00:05:18 am »
...температурата на стрелка на шал табла вообичаено е "бетон" на 90, а во последно време варира од 70 до 90 степени ( на уздолница паѓа, а на узгорница или при нормално возење на автопат си е 90 ). Сменет нов термостат и повторно исто. Што му е ?

Гледам низ темиве е дискутирано од @Carpathian Lord , @n1kola , @FiLo
@bramovsk , @ficomk  , @onak , @Bumb , @zlatkoa

jaс прво на тестер би ја турил, т.е. на компјутер, не на тестер (пошто тие две работи не се исти)... и би отчитувал параметри во живо, прво во место, потоа во вожња и во град и на отворено. според тоа што ќе го видам би одлучил што е проблемот.  можно е се... можно е и новиот термостат да нечини, можно е и сензорот за мерење температура да те чифша... можно е и комбинација од двете или плус перка не вклучува...  и двете работи се поприлично опасни по прашање прегревање.. едниот може да не отвори, а другиот може да не ја вклучи перката во густ сообраќај на пример...

“бетонирањето“ на стрелката е се по прифатено кај сите возила... волво 850-ка од 1992-ра прв пат е употребено кај нив тој начин на фиксирање на стрелката, и до ден денес во сите возила на волво се употребува така... поентата е дека возачите не ретко се “преоптоваруваат“ психички околу загреаноста на моторот, а сериозно, беспотребно е тоа. дијапазонот на работната температура варира не ретко и 30 степени, и тоа е сосем нормално, ама некои интернет фанатици не мислат така, па затоа сите почнуваат да го користат истото, односно, за брзо време ке имаме стрелки без температура пишана, туку со ознаки за нормално, ладно и жешко (опасно)... форд тоа го направи одамна. има скала со 3-4-5 цртички. не пишува температура на скалата туку имаш поле во кое пишува NORMAL... и било каде да се наоѓа стрелката е во ред, а тоа нормал е 3/4 од полето...

хгт... ако немаш каде, носи ја кај мехатроника или кај боро, имаат лаптопи и двајцата, ке најдете каде е сексот и чифшањето со стрелката... и не стискај на отворено премногу, пази низ град во гужви, додека не средиш...
« Последно менување: 17 Октомври 2017, 00:12:28 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #8 на: 17 Октомври 2017, 10:19:09 am »
Порано така и беа мерачите за температура!

Ако се сеќавате и Заставите немаа баждарени вредности. На крај имаше црвено поле. Сите земавме репер дека средина е 90.



Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #9 на: 17 Октомври 2017, 13:19:47 pm »
Изваден зелен сензор, ставен нов зелен сензор. Перка вклучуваше на 93 и ја спушташе на компјутер директно на 85. Со новиот вклучува на 90, исклучува на 80, со тоа што на компјутер се симнува температурата постапно, степен по степен. Додека трае сето ова, стрелката на табла си е на 90. Останува да се повози лабаво на подолга надолнина и да се види.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #10 на: 24 Октомври 2017, 13:31:09 pm »
...и покрај се, проблемот се уште постои. Стрелката за температура на шал табла на удолнина паѓа до кај 50- тина степени, а штом колата дојде на рамно или на нагорнина, стрелката си е бетон на 90. Парното си дува топло постојано ( кога ќе падне температурата на стрелка топлината е послаба но, топло си дува ). Од релативно искусни VW- џии, возможно било и доколку термостатот не бил оригинален ( во случајов новонабавениот и инсталираниот е Vernet ), колата да покажува вакви симптоми. Е ај сега ?!

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #11 на: 24 Октомври 2017, 13:54:26 pm »
Кај мене на Вектрата правеше како ти што кажуваш, дури се случи еднаш навечер на ептен ладно, на спуштање од Плетвар накај Росоман парното да почне и ладно да дува па да не е пријатно за возење.
Сменив термостат и се се реши, види и кај тебе, без разлика што еднаш е сменет, можеби и новиов не е како што треба. мојот тазе сменет после две години пак се расипа кај новиот сопственик.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #12 на: 24 Октомври 2017, 15:45:28 pm »
Ова е чист симптом на лош термостат. И јас истиот проблем го имав со Алфата.
Ама со нов термостат ова е чудно.
Како и да е овој мотор е ептен чуден кога се работи за вода.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #13 на: 24 Октомври 2017, 17:37:38 pm »
А да проверите кога ќе падне така температурата, дали е замрзната расплињачата ? Ја сега пред некој ден менував мембрани на расплињачата, истече од неа антифризот и од цревата што носат до неа антифриз, па кога ја намонтирав, првично на плин ја запалив, моторот се загреа, сказалката (која и онака не е точна), уште толку ми се збрлави, 110, па паѓај до 70, па пак нагоре, па на бензин ја префрлив, едвај да одмрзне и да го истера воздухот.
Па потоа вечерта поново ми замрзна, па пак на бензин ја возев, едвај да го истера воздухот.
Сега ми е ок.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW Golf 4 1.6, бензин- плин, проблем со работна температура
« Одговори #14 на: 24 Октомври 2017, 22:41:18 pm »
...температурата на стрелка на шал табла вообичаено е "бетон" на 90, а во последно време варира од 70 до 90 степени ( на уздолница паѓа, а на узгорница или при нормално возење на автопат си е 90 ). Сменет нов термостат и повторно исто. Што му е ?

Гледам низ темиве е дискутирано од @Carpathian Lord , @n1kola , @FiLo
@bramovsk , @ficomk  , @onak , @Bumb , @zlatkoa

Ништо не му е. Сите фолксвагени рпават така а и многу други модели. Фолскваген исто, Форд исто, Рено исто. Стрелката се бетонира не некоја вредност а температурата според OBD варира од 60 по низбрдици (да, не е никаков проблем на надолнина од 90 са падне на 60, моторот не троши гориво и не се загрева а парното го лади антифризот) до 110 степени по нагорнини, без да мрде стрелката ни дел од милиметар. Така да не го барај проблемот таму каде што го нема. Најбитно ти е дали вклучува втора брзина евентуално да не прегрее иначи знај си дека температурата е 90 и мирна глава.