Прво веќе кога бараш вакво возило, јас пред се би одел на комоција прво.
Да, мало е, ама има голема разлика од возило до возило во однос на ергономија и простор.
Второ би разгледал каков мотор, т.е најверојатно ќе одиш на бензинец оти дизелчињата се малку поскапи, мада мислам дека за некои модели ќе добиеш дизел со малку ценкање.
Трето, би разгледувал брендови. На крај. Сите количиња во оваа класа се релативно добри и разликите се минимални.
Да речеме, јас не би одел со VW UP/Skoda Citigo бидејќи ме нервира тоа задното стакло што не се спушта, туку се отвора како кај Југо.
За Citroen сум малку скептичен. Завршната обработка им е малку фалична (до сега тоа било така, со новиве модели не знам дали подобриле), а многу тешко ги лекуваат детските болести кај моделите.
Со корејците мислам дека ќе поминеш добро, имаат релативно добри материјали и добра механика. Мада како што гледавме на форум, со плински системи некако не работат како што треба.
Opel Corsa иако имаа рестајлинг и што не, мислам дека малку застарена платформа (можеби грешам ама мислам дека е само фејслифт на старата верзија). Сепак проверена е и до сега не сум слушал некои лоши зборови за Корсата.
Сериозно би разгледал Ford Fiesta. За одлична цена имаш одлично возилце.
Во овој ценовен ранг, јас би разгледувал и Tipo/Felicia/Rapid...