Да ви го претставам моето ново половно возило. Бидејќи се оженив и се прошири семејството, Меганот што го имав почна да станува тесен, па барав поголема кола. Не сакав караван или кола од типот на Опел Зафира и слично, па изборот падна на Мерцедес Е220 ЦДИ од 2000 година. Ова ми е втор Мерцедес после 190ката и што да кажам, колата е чудо. Удобноста и комоцијата што ја има не се споредува со друга кола, а исто така и доволна е моќна, а и сеуште е народски кажано добро стегната. Потрошувачката и е 9 литри во град, 5 на отворено. Внатре секое дугме работи, се си функционира како што треба, се чувствува дека е квалитетно склопено сето заедно. Единствено не работи екранчето за температура, што и не е некој проблем. Друга мана е што на некои местенца има знаци за корозија, па тоа ми прво во план за средување, а потоа уште еден сет алуминиумски бандажи со зимски гуми.
Како што кажав, колата е 2000 година, пишува дека има 305 000км, од опрема поседува АБС, ЕСП, 6 брзини, 8 воздушни перничиња, двозонски климатроник, вебасто греење, електрика на стакла и ретровизори, далечинско заклучување, борд компјутер, команди на волан, темпомат, електрични седишта, светла за магла, алуминиумски бандажи, фабричко радио со одлично озвучување итн...
Официјални податоци: 2148 кубни сантиметри, 105 киловати-143 коњски сили, 315 њутн метри, максимална брзина 212 километри на час, од 0 до 100 за 10,4 секунди, потрошувачка: градска 8,5литри, комбинирано 6,2 литри, отворено 4,8 литри. Рачен менувач со 6 брзини, должина 4818 милиметри, ширина 1798 милиметри и висина 1417 милиметри. Маса на празно возило 1590 килограми... Тоа е сега за сега, па натаму ќе има апдејтови на темата.