Автор Тема: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift  (Прочитано 60366 пати)

Присутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 884
Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« на: 13 Октомври 2017, 16:11:59 pm »
Да ви го претставам моето ново половно возило. Бидејќи се оженив и се прошири семејството, Меганот што го имав почна да станува тесен, па барав поголема кола. Не сакав караван или кола од типот на Опел Зафира и слично, па изборот падна на Мерцедес Е220 ЦДИ од 2000 година. Ова ми е втор Мерцедес после 190ката и што да кажам, колата е чудо. Удобноста и комоцијата што ја има не се споредува со друга кола, а исто така и доволна е моќна, а и сеуште е народски кажано добро стегната. Потрошувачката и е 9 литри во град, 5 на отворено. Внатре секое дугме работи, се си функционира како што треба, се чувствува дека е квалитетно склопено сето заедно. Единствено не работи екранчето за температура, што и не е некој проблем. Друга мана е што на некои местенца има знаци за корозија, па тоа ми прво во план за средување, а потоа уште еден сет алуминиумски бандажи со зимски гуми.
Како што кажав, колата е 2000 година, пишува дека има 305 000км, од опрема поседува АБС, ЕСП, 6 брзини, 8 воздушни перничиња, двозонски климатроник, вебасто греење, електрика на стакла и ретровизори, далечинско заклучување, борд компјутер, команди на волан, темпомат, електрични седишта, светла за магла, алуминиумски бандажи, фабричко радио со одлично озвучување итн...
Официјални податоци: 2148 кубни сантиметри, 105 киловати-143 коњски сили, 315 њутн метри, максимална брзина 212 километри на час, од 0 до 100 за 10,4 секунди, потрошувачка: градска 8,5литри, комбинирано 6,2 литри, отворено 4,8 литри. Рачен менувач со 6 брзини, должина 4818 милиметри, ширина 1798 милиметри и висина 1417 милиметри. Маса на празно возило 1590 килограми... Тоа е сега за сега, па натаму ќе има апдејтови на темата.















« Последно менување: 14 Октомври 2017, 13:07:41 pm Djokica »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Mercedes W210 E220 CDI facelift
« Одговори #1 на: 13 Октомври 2017, 16:19:37 pm »
Одличен избор. Сум се возел неколку пати со W210-ка и стварно има ненормална комоција. Ненормална. Прекрасно возење.

Единствен проблем е што се склони на корозија и пази ја многу.

8.5 или 9 троши градска сеа? ;D Не сфатив.

Иначе со автоматик се имам возено од Битола до Скопје, отворена покажа 6.5л/100км.

Присутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 884
Одг: Mercedes W210 E220 CDI facelift
« Одговори #2 на: 13 Октомври 2017, 16:20:59 pm »
Одличен избор. Сум се возел неколку пати со W210-ка и стварно има ненормална комоција. Ненормална. Прекрасно возење.

Единствен проблем е што се склони на корозија и пази ја многу.

8.5 или 9 троши градска сеа? ;D Не сфатив.

Иначе со автоматик се имам возено од Битола до Скопје, отворена покажа 6.5л/100км.
Мене 9, а тоа се официјалните податоци што ги напишав :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Mercedes W210 E220 CDI facelift
« Одговори #3 на: 13 Октомври 2017, 16:23:02 pm »
Сосема реално за тој мотор и вакво возило.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Mercedes W210 E220 CDI facelift
« Одговори #4 на: 13 Октомври 2017, 16:23:43 pm »
Кав'дарчанец?

Мерцедес без маана. Пошто е Кав'даречки, че се качуе и на тротоар а со малку упорност и на дрва  ;D
Другар мој имаше 290тд, удобна кола. ЦДИ треба да е побрз.

Со здравје да се вози и безгрижно да те служи.

Присутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 884
Одг: Mercedes W210 E220 CDI facelift
« Одговори #5 на: 13 Октомври 2017, 16:38:53 pm »
Кав'дарчанец?

Мерцедес без маана. Пошто е Кав'даречки, че се качуе и на тротоар а со малку упорност и на дрва  ;D
Другар мој имаше 290тд, удобна кола. ЦДИ треба да е побрз.

Со здравје да се вози и безгрижно да те служи.
Да, кав’дарчанец. Фала, да си купиш поубава. Инаку неам возено 290тд, сум возел ваков 220д, има голема разлика :D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #6 на: 13 Октомври 2017, 16:48:43 pm »
Да бееее, ти беше со белата 190-ка АМГ  :)

Присутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 884
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #7 на: 13 Октомври 2017, 16:50:39 pm »
Да бееее, ти беше со белата 190-ка АМГ  :)
Тачно :D

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1448
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #8 на: 13 Октомври 2017, 17:04:43 pm »
Убо е, со здравје да се вози ;)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #9 на: 13 Октомври 2017, 17:17:04 pm »
305 000 километри, а види го ентериерот... епа то е Мерцедес ! Создравје да се вози.

Присутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 884
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #10 на: 13 Октомври 2017, 17:26:56 pm »
Убо е, со здравје да се вози ;)
Благодариме :)

Присутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 884
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #11 на: 13 Октомври 2017, 17:30:19 pm »
305 000 километри, а види го ентериерот... епа то е Мерцедес ! Создравје да се вози.
И прашање е дали се реални. Може има и нешто вратено. :D
Инаку фала :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #12 на: 13 Октомври 2017, 17:35:47 pm »
Лаѓа! Со здравје и мерак да си се возите!

Присутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 884
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #13 на: 13 Октомври 2017, 17:48:46 pm »
Лаѓа! Со здравје и мерак да си се возите!
Фала друже :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #14 на: 13 Октомври 2017, 17:53:31 pm »
Периодов попален сум за Мече. W210 ги пролистав по огласиве скоро сите, иѓа добри примероци во државава.  Ептен ми се лични, само што mobile. de ме предомислува моментално за малку поново W211 па и караванче да е.
Со здравје да си ја возиш и уживаш во вожњата.