3ката е тесна за фамилијарна кола. Моја препорака е e39 530d или 525/530i+плин од 2002-2003 без м-подвозје.
Предности: удобна, пространа, брза, стабилна, безбедна, богато опремена, квалитетно изработена внатре и надвор, има многу делови на старо што можеш да ги земеш за упола цена или помалку.
Недостатоци: скапа за одржување (како и секое BMW), ако е со м-подвозје има тврда вожња за наши патишта, голема е за тесни улици и паркинзи, градска троши 11-14л. на отворено 7-10л. зависи како ја возиш и дали е аутоматик, склонa е на рѓосување (провери капак од багажник, и внатрешен долен дел, кај капачето за ставање гориво и кај праговите доле) тешко е да најдеш саглам примерок во МК, сите се со 12 газди, без сервисна историја, враќани километражи, спуштани, чипувани, удирани, крпени итн.