Па кога нема филтер, нема ни да го менуваш. И ќе биде меинтејнсенс фри. Пошто немаш филтер. Пошто некои од косилиците немаат ни фитлер. Генијално!
нај генијално.. едноставно нема потреба.. кратко и јасно... за дизелот МОРА да има, уште пократко и уште појасно... и не... не е тоа предност за дизелот... никако...
Глупости невидени. Ма ти се читаш ли што зборуваш? Дизелот има преиздржливи дизни, кои трпат секако ѓубре од нафта, дури и бензин. Тераат по 400-500.000км еден сет на дизни, било да се за рото пумпа или пумпа дизна. Таксистите ги скинаа од возење пумпа дизна на црвена нафта, а филтер за нафта менуваат кога колата ќе почне да трокира, на некои си 50-60.000км. Возат на најевтино масло и пак тераат по 400-500.000 во најлоши услови. Тој мотор е многу издржлив, и според твоето мислење, не би треабло да му стават филтер, пошто кај нас работи и на матна вода. Дизелот е милијарда пати поиздржлива машина од бензинецот, и на него не е штедено. Ставени се и греачи, иако не сите дизели имаат потреба од греачи. Посебно CR и PD, скоро и да не употребуваат греачи на палење, ама ставени се. НЕ Е ШТЕДЕНО. Тоа проектирана кола, не е реплика со 95НМ.
Е од друга страна кога на стариот бензинец Лада 1200 му ставав универзални филтри, ги менував на секои 3000 км и беа преполни со земја. Ако не ги менував ми затнуваа карбуратор, ти знаеш ли што значи да ти се затни карбуратор? Ќе се ебаваш два дена за да го исчистиш. Дизелот никогаш нема да сетиш директно последици од црвена или црна нафта.
Само на carclub.mk немање на филтер за гориво може да е предност.
Или воопшто предмет на дискусија. Забегавте со „бранењево“ на „бензинот“ на кој не возите и онака.
Не само филтер за гориво, немање и филтер за масло е предност. И немање торк е предност. Се што нема бедната косилица се смета за предност. И бензинец се споредува со дизел, само ако има 50кс предност, во спротивност не е фер.
Иначе со плинот на Лукоил нешто се случува!
Ме изненади плинов што ми снема пред време. Испадна 8.9л потрошувачка на 100км, што е за литро ипол на очекуваното и вообичаеното.
Да не ти солам рана, ама ова е тоа што го потенцирам за злото наречено плин. Секој резервоар е лото. Еднаш троши нормално еднаш +50%. Еднаш оди нормално другпати сецка и гаси. А да знаете само пред десетина години колку катастрофално лоши беа плинските уреди. 1/10 инсталирани уреди работеше како што треба. Сега работите се многу подобрени но ситуацијата пак не е сјајна.